ФК Вардар: Немаше прослава, ниту кршење на чинии

Актуелниот шампион на Македонија ги демантираше натписите за незаборавната вечер која сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко им ја приредил на Хрватите.

Текстот се појави на хрватскиот портал Спортске новости, а ние го пренесовме во целост. Но ФК Вардар се обрати со демант преку својот сајт:

„Славење за поразот немаше и никогаш нема да се слави за натпревар каде Вардар не е победник.

Целата македонска јавност присутна на стадионот која го следеше натпреварот го виде квалитетот и потенцијалот на ФК Вардар.

Првото квалификациско коло не е завршено, Вардар има реванш натпревар во Загреб за кој веќе се подготвува преку тренажен процес и видео анализи на противникот.

Точно е дека Вардар на највисоко ниво ги пречекува гостите како во ракометот така и во фудбалот. Вечера помеѓу управата на Динамо Загреб и управата на ФК Вардар имаше ДЕН ПРЕД НАТПРЕВАРОТ, и таму беа присутни Претседателите, директорите и главните спонзори. Атмосферата беше еуфорична како и секоја каде Вардар достојно ја претставува гостопримливоста на Македонскиот народ.

ФК Вардар остро демантира дека персонално г-дин Сергеи Самсоненко кршел 50 тањири или други предмети кои се прибор во угостителството.

За еуфоричната атмосфера коментираа и дел од хрватските медиуми каде немаат за цел да обвинат некого или да ги нарушат односите или да го нарушат имиџот на клубовите„

http://sportske.jutarnji.hr/nogomet/krs-i-lom-u-makedoniji-gazda-vardara-nazdravljao-dinamu-pjevao-tosu-colica-razbijao-tanjure/4523204/?utm_source=Viber&utm_medium=Chat&utm_campaign=Private

Целосниот демант на ФК Вардар го имате тука.

14 јули 2016 - 09:48