Колку само боли кога ќе примиш гол во продолженија
Трезеге на Италијанците им го даде во 103-та минута на ЕП 2000, Иниеста на Холанѓаните во 116-та на СП 2010, Едер пред три дена во 109-та на Французите, а на денешен ден пред две години Марио Геце во 113-та на Аргентинците. Тоа се историски видео парчиња кои со години ќе се прераскажуваат и ќе се одбележуваат.