Offside

Ракометот во Македонија е фамилијарна традиција. Цели семејства одат на натпревари, а страста и талентот за играње често пати се наследува од колено на колено. На пример кај Манаскови прв почна Пепи, а потоа продолжија неговите синови Дејан и Мартин.

Фантастичен гол на Антони, трет пат по ред е избран за играч на натпревар

Навивачите на Манчестер Јунајтед како да претчуствуваа што може да се случи со Бразилецот. Тој беше еден од најслабите играчи во нивната екипа во претходните пар сезони а дојде за астрономска сума од преку 100 милиони евра од Ајакс. Сега во Бетис на позајмица растура во само неколку недели.

Стеф Кари е МВП на чудниот нов Ол-Стар

Натпреварот на сите ѕвезди за годината 2025 се играше во „Чејс Центар“ во Сан Франциско. Се играше во нов формат, за првпат во историјата на елиминациски принцип, односно со четири екипи и полуфинале/финале.

Фудбалер од Мали ја има мајсторијата број 1 на колото

Мамуда Сангаре член на Рапид Виена и репрезентативец на Мали, сам си ја намести, сам се избори за акробација. Секоја чест мајсторе за потегов.

Од кога Марко Милиќ куцаше преку автомобил

На 4 март 1995-та во култната сала на словенечката кошарка „Тиволи“ во Љубљана, на тамошниот собир на сите ѕвезди, Марко Милиќ направил до тогаш невидено шоу со забивање после одраз преку цел автомобил. Потег со кој на овогодинешниот НБА ОЛ-Стар натпревар во забивање победи кошаркарот на Орландо Меџик Мек Мекланг кој во Сан Франциско победи трет пат по ред на турнирот во забивања на Ол-стар.

Канаѓаните ја исвиркаа химната на САД, тензии и тепачки на мразот

Хокеарскиот ривалитет меѓу САД и Канада е одамна познат, а сега поприми и некои пошироки размери со оглед на политичкиот контекст во последниве неколку недели. Сега репрезентациите на САД и Канада во хокеј се сретнаа за првпат после Олимписките Игри 2022. 

Белингем сега ќе го олади малку тоа „фак оф“

Реал Мадрид одигра само 1-1 кај Осасуна на гости а еден од највиновните за таквиот исход е англискиот репрезентативец Џуд Белингем кој во 39' минута ги остави на цедило своите соиграчи откако доби директен црвен картон. Во вулгарни обраќања кон судиите веќе некое време користи непристојни зборови. Главниот судија им објасни на Модриќ и Винисиус што му викал Белингем.

Магзи Боукс е прволаче во споредба со Виктор Вембанјама

Магзи Боугс е висок 160 см или 10 см понизок од Меси, а Виктор Вембанјама е 221 см. Се изгуби покрај него, како Џевахир го гледаше.

10 репетиции не го објаснуваат ова

Ние ќе заклучиме дека детево еден ден ќе има понуда од Реал, Барса, Баерн, Сити, Јуве..., а за потегот најдобра илустрација е реакцијата на судијата.

Хулк уште има топ во ногата

Неверојатниот ветеран Хулк со два гола за својот Атлетико Минеиро во 58-ма минута од пенал и 65-та од слободен удар го реши Томбенсе во бразилското првенство Минеиро. 

Најголемата Ол стар будалаштина, преку кола ја заби

Кошаркарот на Орландо, Мек Меклан стана прв во историјата кој победил на натпреварот за забивање три години по ред. Инаку не игра во НБА.

Најава за кошаркарскиот документарец на Нетфликс за Париз 2024

Се вика „Court of Gold“, содржи 6 епизоди, а премиерата е закажана за 18 февруари. Серијата ги следи селекциите на САД, Франција, Србија и Канада, кои на Олимписките игри се бореа да стигнат до златниот медал.

Рекламата за Сникерс со Мурешан

Имавме статија за Георге Мурешан, подзаборавениот романски центар кој просперираше во НБА во 90-те. Пази ова, го откриле на забар и појма немал што се тоа склекови и јаже за скокање. Во 1998-ма година има снимено реклама за Сникерс, едно од појаките чоколади, кое и ден денес го држат рафтовите кај нас.

Деби на Елмас со мајсторлук за 3 минути игра

Кога направи кам бек во Серија А, кога постигна гол? Елиф Елмас имаше супер деби настап за Торино. Влезе во 62 минута, даде гол во 65-та и тоа мајсторски, откако ги понижи и чуварот и голманот за предност на гостувањето против Болоња од 1:2.

Дали е на една или две нозе, Боги решета за три поени

По пет минати години во Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ на 6 февруари е трејдуван во Лос Анџелес Клиперс. Веднаш влезе во погон и почна да ги шамара противниците со јаки тројки, па дури и на една нога.

Вучиќ им тврдел на студентите дека повеќе не постои зонска одбрана

Светислав Пешиќ почнува да зборува за зонска одбрана, а Душко Вујошевиќ го сече и прави мајтап на сметка на Вучиќ, кој памет и не го измислува. Па уште и меме од Шек ставиле. Цепки.

Навивачка забава вредна 47.000 евра

Пред пар месеци Борусија Дортмунд му гостуваше на Мајнц во натпревар во кој домаќините славеа 3-1 и ја продолжија очајната сезона во Бундеслига на Дортмунд. Навивачите на Борусија, поточно подгрупата „Десперадос“ тогаш прославиле 25-годишнина со 50-ина бакљи и убава кореографија. Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сега ја казни Борусија Дортмунд со 47.000 евра за овој „испад“ на навивачите.

ЕХФ за Фитиљ: Запрете го ако можете, еден од најсилните шутеви во ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа седмиот пораз на 11-от натпревар во Лигата на шампионите откако загубија од Спортинг Лисабон со 30-24. Прв стрелец кај битолчани беше Филип Кузмановски со 6 гола. ЕХФ го величи на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Барса отишле на лудо тест возење

Компанијата Купра е еден од водечките спонзори на фудбалскиот клуб Барселона со кого има договор до 2029-та. Купра е под закрила на шпанскиот гигант СЕАТ и произведува возила на електричен погон. Им дале на Каталонците да ги пробаат. Гави возеше ко бесен.

Руни и Сидорф: Цела одбрана му е повредена на Анчелоти и пак се снаоѓа и не се жали

Руни и Сидорф прават муабет за Карло Анчелоти, ептен на место, за кој како никој да не зборува. Тоа умешноста да се скрпи позади и воопшто да не кука за специфичната ситуација во која се наоѓа. Во Реал Мадрид недостасутва цела прва постава во дефанзивната линија: Карвахал, Алаба, Рудигер и Милитао, плус повреден е и Лукас Васкез. А први се во првенство, додека во првата плејоф битка од ЛШ го добија Сити на гости 2:3.

Наскоро во Париз може ќе има големо „дерби на 20 метри“

Во Париз покрај ПСЖ има уште еден фудбалски клуб Париз. Во моментов е втор во втора лига со 43 бода и со одлични шанси на крајот од сезоната да обезбеди пласман во најдобрата француска Лига 1. Управуван е од милијардери, поддршка имаат и од Ред Бул а потпишаа договор за користење на стадион на неколку метри од култниот „Парк на принцовите“ на ПСЖ.

Треба ли Пранди да бара 2 минути за свој соиграч?

Камил Сипшак и Елохим Пранди го имаа најнеуспешниот поздрав на клупа, па можеби во историјата на ракометот. Аркада ќе му расцветаше.

Мајсторија на вечерта

АЗ Алкмар го распарчи Галатасарај со 4-1 во првиот натпревар од нокаут фазата во Лига Европа. Дваесет и четири годишниот Свен Мејнанс го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар, најубав на вечерта во Лига Европа.

Крајно несмасен потег на Никола Јовиќ

Средбата меѓу Мајами Хит и Оклахома Сити Тиндер донесе сцена која е потипична како за кечери. Не сме виделе ваков фаул до сега во кошарка. Жртвата на Јовиќ е Ајзеа Џо.