Прекинат натпревар на Ајакс во Амстердам поради страшна пиротехника

Натпреварот меѓу Ајакс и Гронинген во неделата вечер во холандската Ередивизија бил прекинат после само пет минути фудбал откако навивачите на клубот од Амстердам познати под групата Ф-Сајд запалиле стотици бакљи, петарди и ракети. Сакале да му оддадат почит на неодамна починат 29-годишен нивен член но претерале со пиротехника.

Главниот судија на натпреварот Бас Ниџхуис го прекинал натпреварот откако горела бројна пиротехника на јужната трибина кај навивачите на Ајакс зад едниот гол.

Судијата прво ги повлекол играчите во соблекувални а паузата траела долго време по што после консултации со делегатот, натпреварот бил прекинат.

„Ако сакаш да му наштетиш на својот клуб, тогаш треба да правиш вакви работи“, изјавил главниот судија Ниџхујс после натпреварот и додал дека после вториот инцидент со нова пиротеника тој не можел да гарантира безбедност за играчите.

Многу фудбалери на Ајакс тргнале кон навивачите и барале да се смират, капитенот Дејви Класен ги кревал рацете и барал тие да прекинат да палат пиротехнички средства а исто барал и шпицот Вут Вегхорст.

И двата клуба сега чекаат потврда кога натпреварот ќе се доигра а најавено дека средбата ќе се одигра во вторник од 14:30 напладне пез навивачи и ќе си продолжи од 6' минута.

Ајакс соопшти дека остро го осудува однесувањето на навивачите, дека се извинува на сите кои биле погодени од одложениот натпревар и од небезбедноста за другите гледачи. „На пиротехниката не и е место на стадионот. Секако дека ќе користиме снимки од камера да се обидеме да ги идентификуваме изгредниците и во продолжение на тоа да се види кој е одговорен за ова. Ќе преземеме соодветни мерки“.

Играчите на Гронинген после натпреварот тргнале кон делот каде што биле нивните навивачи кои останале после мечот по одлуката прво стадионот да се испразни па тие да заминат.

1 декември 2025 - 09:21