Нови голови на 39-годишниот Варди во Италија

Кремонезе направи изненадување и со 1-3 ја совлада Болоња на гости на „Ренато Дал'Ара“. Двоен стрелец беше некогашниот најдобар фудбалер во Премиер лига и шампион со Лестер, Џејми Варди. На 39 години веќе има 4 гола во Серија А. Кремонезе е на солидно 11-то место, далеку од зоната за испаѓање.

2 декември 2025 - 09:02