Рио де Жанеиро славеше како никогаш, Фламенго е шампион во Копа Либертадорес

Во се-бразилско финале на Копа Либертадорес, Фламенго со 1-0 го совлада големиот ривал Палмеирас на стадионот „Монументал“ во Лима, Перу пред повеќе од 50.000 гледачи. Клубот од Рио де Жанеиро е прв од Бразил кој четири пати ја освоил јужно-американската Лига на шампиони. Индепендиенте од Аргентина има седум титули.

Фламенго славеше историска победа над Палмеирас во големото финале 1-0 со голот на Данило во 67' минута од натпрварот. Ветеранот Данило играше за Манчестер Сити, Реал Мадрид и Јувентус каде беше капитен а тој воедно стана и прв фудбалер во историјата кој освоил два пати Копа Либертадорес и два пати Лига на шампиони (со Реал Мадрид).

Данило во 2011-та даде клучен гол и за победа на Сантос во финале на Копа Либертадорес, а даде и синоќа:

Во самиот финиш, во 89' минута Палмеирас пропушти неверојатна шанса преку младиот Витор Роке да измрани.

Интересно ова беше дури петто финале во последните шест сезони на кое играа два бразилски клуба што само по себе говори за апсолутната доминација на Бразилците.

Фламенго овојпат му се одмазди на Палмеирас кој го совлада 2-1 во финалето на Копа Либертадорес во 2021 година. Ова е четврти пехар за црвено-црните од Рио де Жанеиро после оние освоени во 1981, 2019 и 2022. Фламенго ќе игра на Интерконтиненталниот Куп во јануари, на Рекопа Судамерикана (победникот на Либертадорес и Копа Судамерикана) и Светското клупско првенство во 2029.

Бразилските клубови сега се израмнија со аргентинските и имаат по 25 шампионски пехари во Копа Либертадорес. Фламенго има четири титули, Палмеирас има три. Уругвај има 8 шампионски трофеи во Копа Либертадорес, Парагвај 3, Колумбија 3, Чиле 1 и Еквадор 1.

Фламенго е и на прагот на нова титула во Бразил зошто на две кола пред крајот има пет бода повеќе од големиот ривал Палмеирас. Во четврток на „Маракана“ може да се слави двојна прослава: шампионска титула и пехар во Копа Либертадорес.

Синоќа се славело во Рио де Жанеиро до доцна во ноќта:

1 декември 2025 - 10:44