Offside

Ракометот во Македонија е фамилијарна традиција. Цели семејства одат на натпревари, а страста и талентот за играње често пати се наследува од колено на колено. На пример кај Манаскови прв почна Пепи, а потоа продолжија неговите синови Дејан и Мартин.

Ал Наср не е само Роналдо, погледнете како се игра соло во контра

Ал Наср го совлада Ал Ахли на гости со 2:3. Двоен стрелец на стредбата е 21 годишниот Џон Дуран кој пристигна во јануарскиот преоден рок од Астон Вила. Колумбискиот напаѓач тргна храбро сам, ги изеде противниците и ги фрли во делириум навивачите. Прекрасно одиграно.

Антони пак даде убав гол, најсериозно

Го утепаа од заебавање по социјални мрежи додека играше за Манчестер Јунајтед. И со право. Скоро 100 милиони му исплатија на Ајакс за него и ништо не покажа. Од 25 јануари е на позајмица во Бетис и веќе има два фини гола.

Се појави нов двојник на Ѓоковиќ

Во јавноста изминативе години се појавија неколку ликови кои страшно многу потсеќаат, личат на најдобриот светски тенисер. Некои се помлади, некои повозрасни, а заедничко секојдневие им е тоа што ги сопираат на улица.

Каква е оваа прослава на Манчини?

Џанлука Манчини од Рома е познат како чуден и насилен лик, кој повеќе пати тоа го покажал пред камерите. Погледнете што му правеше на Томазо Балданци, откако му даде гол на Порто. Несфатливо.

Страшна ракета во Копа Либертадорес

Во Јужна Америка многумина учат и ги копираат проектилите на Роберто Карлос. Последен таков беше испукан на мечот Ел Национал и Блуминг. Перфектно ја зафати.

Ирец е нов најмлад стрелец во историјата на еврокупови

Шамрок Роверс го направи најголемото изненадување на неделата откако со 0-1 го совлада норвешки Молде на гости во првиот дуел од Конференциска Лига. Голот за гостите го постигнал Мајкл Нунан. Со 16 години и 197 дена Нунан стана најмладиот играч во историјата на европските натпреварувања. Го урна рекордот и на Ансу Фати.

Приказната за Мурешан, нежен и кревок џин уништен од Холивуд

Откриен е од стоматолог на 14 години, избран од Вашингтон пробно, ако го биде, го биде. Со висина од 2,32 метри, стана многу угледен центар. Сè до филмот што го сними со Били Кристал каде една повреда му ја заврши кариерата на 31 година.

Скапоцен камен на италијанската носталгија среде Келн

Во Келн постои кафе бар по име Италија 90 на кој го има и логото. Интересно. Култен Мундијал кој потсеќа на Бреме, Матеус, Клинсман и другарите кои станаа светски прваци. Потоа на Марадона, Тото Скилачи, Роџер Мила, Ромарио. За нас тоа е враќање назад на неповторливата банда на Ивица Осим: Панчев, Савичевиќ, Пикси, Сушиќ, Станојковиќ, Бокшиќ, Просинечки, Шукер, Катанец...

Јокиќ е еден чекор пред сите

Трипл дабл број 25 сезонава за Никола Јокиќ, кој стана трет во историјата со 25+ трипл дабл учиноци во три сезони. Другите двајца се Расел Вестбрук (4) и Оскар Робертсон (3). Србинот е отиден во НБА да се забавува. Погледнете го што работи за време на слободните фрлања на Мареј на само 0,5 секунди до крај на првиот дел. Гори Твитерот.

Супер анегдота на Гулит, Ван Бастен и Рајкард од Милан

Фантастичното холандско трио Марко Ван Бастен - Руд Гулит - Франк Рајкард беше најзаслужно за еден од најубавите периоди во клупската историја на Милан кога со Ариго Саки освоија две европски шампионски титули по ред. Навивачите на Милан со убава носталгија се сеќаваат на ова време, а холандското трио се сеќава и на една анегдота.

Магијата на Дончиќ веќе работи и во Лејкерс

Дончиќ се претстави пред публиката во Лос Анџелес, навивачите носеа маица со неговиот број и презиме, а Лука покажа и дел од својот репертоар. На неговото деби ја победија Јута Џез, а синоќа против истиот ривал ЛА Лејкерс забележа пораз 131:119 па „џезерите“ им се одмаздија за поразот пред две вечери.

Зошто Арне Слот доби црвен картон?

Лутите ривали Евертон и Ливерпул за последен пат одиграа големо градско дерби на култниот стадион „Гудисон Парк“ кој ќе оди во историјата затоа што „карамелите“ наскоро ќе се преселат на новиот модерен стадион чија изградба беше скоро финиширана. Синоќа дербито заврши 2-2 со луд гол во 90+10 минута на Евертон.

15 минути чекав надвор за пресов, фала ви пријатно

Милан со пораз го стартуваше двобојот во плејофот од Лига на шампиони, а по мечот Серџо Консеисао го напушти пресот по само едно новинарско прашање. Португалскиот стратег бил незадоволен што чекал играч на Феенорд да зборува 15 минути.

Ова НБА е или маалски собир во Козле?

10 секунди дружење со кошаркарите на Атланта Хокс. Уживајте.

Мареј со луда партија од 55 поени, нов трипл-дабл на Никола Јокиќ

Денвер Нагетс игра во најдобра форма од сите НБА екипи во последно време. Некогашниот шампион ја запиша осмата победа по ред, фати јак ритам и делува непобедливо.

Нов анти-израелски транспарент на навивачите на Селтик

Селтик и Баерн Минхен одиграа интересен натпревар кој германскиот шампион го доби 1-2 со два убави гола на Олисе и Кејн. Селтик го отвори натпреварот со гол уште во првите секунди но им беше поништен поради офсајд. Навивачите од групата „Зелена армија“ одново имаа пароли и знамиња против Израел. Тие со години веќе даваат голема поддршка на Палестина за која имаат и фонд.

Убав дриблинг на Нејмар во негов стил

Во 9. коло од првенството Паулиста во Бразил, Сантос изгуби 2-1 од Коринтијанс. Нејмар одиграл 67 минути кога бил изваден од игра. Покажал дел од раскошниот талент ама не донел многу корист за својата екипа.

Навивачко лудило на терен, Евертон му израмни на Ливерпул во 98-ма

Евертон и Ливерпул го одиграа последното дерби на легендарниот Гудисон Парк кое заврши 2:2. Гостите го свртеа мечот со головите на Мек Алистер и Салах, откако губеа 1:0 во 11 минута, но Џејмс Тарковски ја заби во последните мигови за делириум меѓу навивачите кои влетаа на терен. Тензично беше по крајот на мечот со турканици на теренот, а Дукуре и Џонс заработија црвени картони.

Голмански кикс му пресуди на Милан, гостински триумф на Баерн

Само 5 гола на трите средби во терминот од 21 часот на вторите плејоф средби од Лига на шампиони. Предност на првите дуели обезбедија Феенорд, Баерн и Бенфика. Претходно Клуб Бриж ја совлада Аталанта со гол од пенал во 94-та минута.

Атрактивни голчишта на Олисе и Кејн на Селтик Парк

Тенко е со голови засега во Лига на шампиони, ама барем има што да се види. Баварците водат 0:2 на гости против Селтик, благодарение на бомбата на Олисе и волејот на Кејн. Квалитетни погодоци.

Милан прими евтин гол во 3 минута

Брз гол падна на вечерашните средби од ЛШ кој оди на душа на Мајк Мењан. Голманот на Милан киксираше во 3 минута, откако не успеа да го скроти ударот по земја на Игор Паишао.

А Јокиќ кај ви е?

На вештачката интелигенција, да не и фали малку интелигенција?