Промовиран е проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“

Секое дете треба да има еднакви можности да спортува. Министерството за спорт со поддршка за проектот „Фудбал за секое дете“.

Претставници од Министерството за спорт присуствуваа на промоцијата на проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“, што ја организираше ОУРЦ „Иднина“ – Скопје. Проектот се реализира со поддршка на УЕФА Фондацијата за деца и е номиниран од Фудбалската федерација на Македонија.

Генералниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски истакна дека Министерството дава поддршка на ваквите иницијативи кои ја промовираат инклузијата и ја покажуваат силата на спортот да ги поврзува и да ги обединува децата и да промовира позитивни вредности за заедништво, рамноправност, солидарност и прифаќање.

„Нашата мисија како Министерство за спорт е да создадеме услови за секое дете, без исклучок, да има можност да се занимава со спорт. Во изминатиот период, преку програмите за млади и училишен спорт, направивме значајни чекори за подобрување на пристапот до спортски активности, за обезбедување поддршка на училиштата и за унапредување на спортската инфраструктура“, рече Огњеновски.

Тој го истакна проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“ како пример за успешна соработка меѓу училиштата, наставниците, родителите и институциите, со заедничка цел – создавање инклузивна средина во која секое дете ќе може слободно да спортува и да се развива.

На промоцијата на проектот присуствуваа и претставници од ФФМ, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, наставници, специјални едукатори, стручни соработници и други гости.

28 ноември 2025 - 15:13