Овој формат станува се поинтересен за гледачите затоа што на мал простор се игра атрактивно со безброј дриблинзи, динамика и интензитет.
На таканаречениот Куп на Конфедерации во Фудбал 7 ќе игра и Македонија Ф7 која добила покана од претседателот на ФИФ7 Европа, Калчо7 и Калчо8 Фабрицио Лофреда.

Селекцијата ќе биде составена од Горан Пандев, Един Нурединовски, Матеј Миленков, Златко Таневски, Бобан Грнчаров, Дарко Глишиќ, Бојан Марковски, Никола Глигоров, Кристијан Стојкоски, Влатко Гроздановски, Бобан Јанчевски и Филип Ивановски.
Македонија ќе има голема чест да го отвори турнирот против домаќинот Италија која што е вицепрвак од последното Светско првенство во Фудбал7 кое годинава се играше во Бразил.
За Италија ќе настапат сериозни имиња како: Леонардо Бонучи, Давиде Москардели, Гаетано Д'Агостино, Алесио Черчи, Антонио Тото Ди Натале и други.
