Offside

Мораше да чека до 31 година да го крене првиот трофеј во својата кариера. Никогаш не престана да работи. Никогаш не престана да верува. Никогаш не се откажа.

Пеколниот живот на 18 годишниот навивач во бегство кој дознал дека направил убиство на радио

Веќе 37 години навивањето на стадионот Олимпико во Рим не е исто како претходно. Го променија Џовани Фиорило и Винченцо Папарели, навивачи кои ги бодреле Рома и Лацио. Првиот заврши во затвор, а вториот во гроб. Оваа сторија е за незаборавното крваво римско дерби кое излезе од контрола.

Историска дебата за фрленото шише на Местаља и глумата на Барса

На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.

Несторовски сам против сите

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува да ги тресе мрежите во Италија. По головите против Кротоне, Аталанта и Сампдорија, негова нова мета е тимот на Удинезе кој го тресна во 10 минута. Нашиот Иле овој пат покажа дека скроз сам знае да се снајде во напад, а од спротива ја имаше скоро цела гостинска одбрана.

Нелогична судиска одлука за бркање играч

23 годишниот фудбалер од Гана, извесен Дени Антви својот деби гол во Норвешка ќе го памети по една апсурдна одлука на судијата. Му даде втор жолт картон со образложението дека со начинот на кој се радувал ги провоцирал навивачите, а тој само се спушти на колена како во илјадници други примери кои сме ги гледале и истото го кажа на камера.

Мурињо се бранел против Челси со 6-3-1

Мајтапот со автобусот на Мурињо не е мајтап туку вистина која ќе ја видете во следново видео. Се што се обиде да изигра Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ во одбрана беше погрешно.

Сосиедад вработи бездомник кој спиел пред стадионот

Еден од поголемите баскиски клубови, Реал Сосиедад е во центарот на вниманието на целокупната европска спортска јавност, откако со еден гест ги воодушеви сите.

Голманот кој брани во петта лига ја прошета цела Европа со Јувентус како турист

Во таборот на италијанскиот шампион има еден заборавен голман за кој сигурно веќе и управата не знае дека го има. Добил шанса само 30 минути на пријателска и кога го ставиле во игра му се треселе нозете, а кога Кјелини го носел дома со Поршето мислел дека гепекот е позади.

Најнасилниот хулиган во Европа е од Варшава

Полските хулигани важат за едни од најопасните на континентот. Кога некоја екипа од оваа земја гостува во друга, полицијата знае дека ќе нема раат неколку дена. Билдаат, имаат сопствени кик-бокс клубови во кои се претвораат во прави животни и се страв и трепет за противниците.

Кога Манчестер игра дома игра без домашни навивачи

Тешко е да се даде еден и единствен одговор на што се должи резултатот од оваа анкета, ама едно е сигурно, Манчестер Јунајтед е еден од оние клубови сo огромен број на фанови кои се странци.

Кога актерите не знаат дали химната завршила

Навивачите на белградска Црвена Звезда традиционално веќе неколку сезони, пред секој кошаркарски меч од Евролигата ја надгласуваат химната на ова натпреварување. Најсмешна е реакцијата на судиите кои не можат а да не се погледнат едни со други. Синоќа Звезда ја пречека Барселона, а гостинскиот играч Анте Томиќ беше преимпресиониран од 18.200 гледачи во Арената.

Ја судеше Барселона - Сити, сега ќе суди во селска лига

Најдобриот српски судија Милорад Мажиќ веќе неколку години суди натпревари од Лига на шампиони, Лига Европа, Светско и Европско првенство, но тоа многу многу не им значи на луѓето од неговата матична куќа кои го суспендираа на стартот на првенството во Србија.

Валанчиунас заби преку Марјановиќ

Литванскиот репрезентативен центар Јонас Валанчиунас покажа дека не се плаши да забие преку еден од највисоките кошаркари во НБА, Србинот Бобан Марјановиќ.

Колку е глупо да бидеш Лампард во ваква ситуација

Во пресрет на големото лондонско дерби во Лига Купот кое заврши со инциденти и победа на Вест Хем над Челси од 2:1, навивачов на Сините им даде повод на навивачите на Вест Хем да пејат песни за Лампард во лоша конотација, а него да му се одјаде.

Како Гвардиола се вадеше кога не му одеше со Барселона и Баерн

Статистиката може да те уништи медиумски и можеш да бидеш по уште поголем притисок дека треба да победиш или ќе те направи посилен, па потоа никој нема да смее да ти стапне на жуљ. Кај Пеп Гвардиола искуствата го покажуваат ова второто во Ла Лига и Бундеслига.

Животот на невработениот Адебајор во Того

Од најелитните места во светот, Емануел Адебајор во моментов тренира во својот Того и игра фудбал со другари по прашливите терени. Тоа го правело среќен затоа што му помагал на својот народ кој го сака повеќе од претседателот на државата.

Зошто Шверцери славеа победа со зелка?

Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“, на својот стадион во Чаир ја прославија победата над ривалот Шкендија во Тетово од 0:1 со тоа што правеа акција со зелка. По некои писанија на навивачките форуми, ваквата симболика имала врска со прекарот кои Чаирци им го наденале на навивачите на Шкендија.

Во адреналинска завршница Лукоил ја совлада Фабрика Карпош

ЕВН со 7:1 ја декласираше Окта во 4. коло од Бизнис лигата на Македонија во кое победи издвојуваа и екипите на Лукоил и Уника.

Што ти значи добар дефанзивец во напад

Филип Лам се води како десен бек, но често го гледаме и во средина каде одлично се снаоѓа. Тој е вистинскиот човек кој може да ја демантира тезата дека играч од одбрана обично не е спретен со топка во напад. Ја почна акцијата, па дупли пас, прием, дриблинг и гол, мислиш Меси го гледаш. Инаку во кариерата има одиграно 741 меч и добиено 0 црвени картони.

Гол на годината во Копа дел Реј

Фудбалерите на Културал Леонеса на кои кога им се падна Реал во Купот се радуваа како да станале шампиони, вечерва на домашен терен примија 7 парчиња и дадоа еден. Начо кој игра во одбрана, даде гол за медал.

Најлудиот пенал во историјата на Олимписките игри

На ОИ 2004. година во Атина, во третото коло од фудбалското натпреварување играа тогашна Србија и Црна Гора и Тунис. При резлтат 1:1 во 79. минута Тунис доби пенал кој стана најкомичниот и најдолгиот во историјата на едни Олимписки игри. Го изведуваше Жадиди.

Писмо на читател кој (не) направи револуција во кладилница

Кога ќе ве зезне еден натпревар за пари сетете се за нашиот читател и не се нервирајте. Го имаме најголемиот МАЛЕР во историјата на постоењето на кладилниците во Македонија кој за еден проклет гол утнал 8 тикети за многу, ама многу пари.

Серија А нека се засрами, во Германија втора лига има повеќе гледачи

За бројките околу посетеноста на стадионите во водечките топ 5 лиги пишуваме секоја сезона. Излезе статистика за стартот на новата во која Италијанците повторно треба да размислат кај тераат, а Германците со помош на својата одлична политика спрема навивачите не го даваат тронот.

Ултра културата може да им помогне на англиските навивачи

Со цел подоро да се изборат за своите позиции, организираните навивачки групи во Британија би требало да почнат да ги следат ултрас движењата. Така би можеле да ја победат комерцијализацијата во фудбалот која е виновна за претерано скапите карти.

Ливија најмногу ја отвара дресот на Барса

По татко Италијанка, по мајка Јапонка, израсната во Бразил, живее во САД, а навива за Барселона. Toa е накусо инфо за навивачката која има половина милион следбеници на Инстаграм, бројка која сигурно ќе стигне до милион.