Фудбалерите на Културал Леонеса кои се дел од третата шпанска лига и максимумот им е пласман во втора лига, се собраа заедно да ја гледаат ждрепката за четвртото коло во Копа дел Реј. Го сакаа Реал и го добија, а се радуваа како веќе да го победиле. Во 2009-та Реал Мадрид играше во Купот против нисколигашот Алкорон и загуби 4:0, а тогашната вредност на Кралевите изнесуваше 125 милиони фунти.