Таг: Културал Леонеса

Магијата на третолигашот кој ги исфрли Чоло и Атлетико Мадрид од Купот

Првпат после 2011-та година, Атлетико Мадрид изгуби во шпанскиот Копа дел Реј од екипа во подолна лига. Синоќа против Културал Леонеса, Атлетико поведе преку Анхел Кореа во 62’ минута, но домаќините се изборија за продолженија преку Хулен Кастанеда. Во 108’ минута Серхио Бенито со волеј ги исфрли „јорганџиите“ од Купот.

Тренеру, па не си ти десен бек

За време на меч од втората шпанска лига, тренерот на Културал Леонеса, Рубен де ла Барера доби директен црвен картон поради тоа што прекина контра на Албасете. На крајот мечот заврши како што почна 0-0.

Чувството кога знаеш дека ќе играш против Реал Мадрид

Фудбалерите на Културал Леонеса кои се дел од третата шпанска лига и максимумот им е пласман во втора лига, се собраа заедно да ја гледаат ждрепката за четвртото коло во Копа дел Реј. Го сакаа Реал и го добија, а се радуваа како веќе да го победиле. Во 2009-та Реал Мадрид играше во Купот против нисколигашот Алкорон и загуби 4:0, а тогашната вредност на Кралевите изнесуваше 125 милиони фунти.