Магијата на третолигашот кој ги исфрли Чоло и Атлетико Мадрид од Купот

Првпат после 2011-та година, Атлетико Мадрид изгуби во шпанскиот Копа дел Реј од екипа во подолна лига. Синоќа против Културал Леонеса, Атлетико поведе преку Анхел Кореа во 62’ минута, но домаќините се изборија за продолженија преку Хулен Кастанеда. Во 108’ минута Серхио Бенито со волеј ги исфрли „јорганџиите“ од Купот.

Интересно, Атлетико последен пат изгубил од второлигашот Албасете во Купот во декември 2011-та, неколку дена пред доаѓањето на Диего Симеоне на клупата:

Атлетико само 4-ти пат во својата историја не победил екипа од трета лига во Купот на Шпанија. Претходно такво нешто се случило во 1930, 1931 и 2011-та.

24 јануари 2020 - 12:47