Стадионите во Бундеслигата во просек собираат по 44.560 гледачи и по првите 9 кола оваа сезона тие во просек се полни со по 41.339 луѓе или 93%. Податок кој ги сместува на број 1 според овој број на гледачи. Зошто натпреварите во германското првенство се најпосетени? Па годишните карти им се најевтини, просто е. Не е таму како во Англија каде ти требаат преку 1.500 фунти за годишен билет.
Но и покрај тоа што во Премиер лига картите им се изгор скапи, тие имаат за 2% пополни стадиони од Бундеслигата, со таа разлика што нивните капацитети се помали. Во просек стадионите имаат по 37.514 седишта, а сезонава одат просечно по 35.668 навивачи (95%)
На трето место е Ла Лига која ги полни стадионите со 73% или 28.368 гледачи во просек на стадиони кои собираат 38.671 гледачи.
На четврта позиција не е ниту Италија, ниту Франција, туку замислете втората германска лига која стадионите ги полни со 65%. Дел од неа се клубовите со големите стадиони како Штутгарт, Кајзерслауерн, Хановер и Минхен 1860.
Во Серија А стадионите се полнат со 52%, а во Лига 1 61%. Германскиот второлигашки фудбал сезонава во просек го следат 21.725 навивачи, Серија А 21.400, а Ла Лига 19.881.
Просечен број на гледачи по првите 9 кола во Серија А:
Споредба на посетеност во изминативе 9 кола со минатата сезона. Најголем успех бележи Киево, па Интер, а најголемиот пад на гледачи сезонава има Наполи, па Рома.