Филип Лам се води како десен бек, но често го гледаме и во средина каде одлично се снаоѓа. Тој е вистинскиот човек кој може да ја демантира тезата дека играч од одбрана обично не е спретен со топка во напад. Ја почна акцијата, па дупли пас, прием, дриблинг и гол, мислиш Меси го гледаш. Инаку во кариерата има одиграно 741 меч и добиено 0 црвени картони.