Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Во меѓувреме Артуро Видал на плажа

Ѕвездата на Баерн Минхен не е будала да мрзе во Германија за време на паузата во Бундес лигата. Шутот може да се вежба и на некое попријатно место.

Во Англија намерно добиваат жолт, за да одмораат за Божиќ

Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?

Како функционира беспрекорната 3-4-3 формација на Конте

Челси влезе во импресивна серија од 12 победи по ред во Премиер лигата, што е нивен личен рекорд и сето тоа оди како подмачкано благодарение на одлично завршените задачи кои италијанскиот стратег им ги дава на своите незаменливи јунаци.

Топ 5 слободни удари на Чаланоглу

Иако има само 22 години, турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу кој игра за Баер Леверкузен, веќе има зад себе доста солидно портфолио со мајстории од слободен удар во Бундеслигата. Голот на прва позиција е за неверување.

Сите сме Варди

Суспензијата од три кола за главниот играч на Лестер го разлути газдата на клубот кој со поддршка на целата публика и самиот играч реши да протестира на Боксинг деј на интересен начин.

Кажи како после тајм-аутов да не победиш?

Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ тотално полуде на еден тајм-аут пред крајот од мечот против Карпош Соколи во АБА лигата па им порача на играчите што ги чека утре сабајле на тренинг.

7 годишниот Ренато стигна да тренира во Барселона

„Не сме свесни што ни се случува. До вчера си играше со топка во соба два на два, а сега стигна да гази во Барселона“, вели Јусуф, таткото на нашиот голем фудбалски талент кој на само 7 години ја почувствува магијата на Ла Масија.

Како Кампос со висина од 168 сантиметри стана врвен голман

Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...

Најлудиот Боксинг деј

Во 63-та или немало алкохол или пак се пиело повеќе за Божиќ па голманите во Премиер лига биле ќорави за време на традиционалниот празничен фудбалски ден. 66 гола на 10 меча.

Легендарната фотографија од Челси - Чарлтон во ’37-ма

Сем Бартрам, 25.12.1937, претпоставува дека неговиот Чарлтон го притиска Челси и 15 минути стои сам во магла на прекинатиот меч.

Ибра правеше стомачни во снег

Златан Ибрахимовиќ на својствен начин за него сними ново видео со кое ги поздрави навивачите.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

Сè започнало во 2003. година кога 80 навивачи на Унион Берлин тајно влегле на стадионот за Божиќ и испеале неколку навивачки и празнични песни. Од тогаш главната Божиќна вечера традиционално се одржува на стадионот.

Сите 40 хет-трика на Кристијано за Реал

Португалецот е член на Реал Мадрид од 2009-та година, а од тогаш до денес за „кралскиот клуб“ постигна неверојатни 270 гола меѓу кои и учинок од 40 хет-трика.

Алексис Санчез не знае кој е Гундоган од Сити

Пред големото дерби Сити - Арсенал минатиот викенд, Пеп Гвардиола им дозволил на играчите да излезат  на теренот во дресови со бројот 8 во чест на тешко повредениот Илкај Гундоган кој ќе паузира неколку месеци. Кога во тунелот се сретнаа Алексис Санчез и голманот на Сити Клаудио Браво, Чилеанецот го прашува Мексиканецот: „Гундоган? Некој од младинците“?

Што значи да бидеш прв во Премиер лига за Божиќ

За Арсенал на пример тоа не значи ништо, но за Челси е супер бидејќи секогаш кога бил лидер на табелата во Премиер лигата за божиќниците празници, на крај ја освојувал титулата.

Бака држеше страшна влечка во Доха

Фудбалерите на Милан се редеа на подиумот за да ги примат медалите и пехарот од италијанскиот Супер Куп освоен против Јуве на пенали, а најприкладно облечен пред шеикот на Катар и претседателот на италијанската лига беше Карлос Бака кој мислеше дека се наоѓа во камп Ливадишта.

Како изгледа ФИФА 2017 во реалност

Би рекле, не се далеку од вистината...

Играј фудбал, биди јувентино

Иако не се сложуваме со сè што е напишано бидејќи е некако многу лично, сепак ќе ви пренесеме од збор до збор. Серија А се разбира дека не е само Јуве, но тоа е клуб кој е поим за апсолутна доминација. Со триумфот против Рома станаа рекордери во последните 11 сезони по број на бодови и тоа ги немаше една сезона во прва лига.

Најголемиот силеџија се врати во Премиер

По неуспешната екскурзија во Глазгов Ренџерс каде се скара со секој жив и го фатија дека играл кладилница, Џои Бартон се врати во Барнли, тимот кој лани по негова заслуга влезе во Премиер лигата.

Екипа со ултраси од која сите бегаат да ѝ гостуваат

Познато е дека во македонски фудбал во втора, трета па се до најниските лиги обично победува домаќинот, бидејќи во спротивно ќе падне ќотек. Слична таква приказна ни доаѓа од Португалија каде клуб со агресивни фаули сее страв и противниците ги откажуваат дуелите.