Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Судијка асистираше за гол, брат му на Крос вриштеше

Женскиот судија Бибиана Штајнхаус веќе долго суди во германскиот фудбал, а јавноста ја запозна уште во 2010-та кога фудбалерот на Херта, Петер Нимаер случајно ја фати за гради а сега со неа се случи нов момент.

До кога ќе паузираат најдобрите 5 првенства

Завесата се спушти во Италија, Шпанија, Германија и Франција, а Англичаните традиционално ќе играат на денот после католички Божиќ (Boxing Day) и на 1-ви јануари.

Убавина од голови во Фиренца

Кога ќе кажете италијанското е тапа, не мора баш со толку тешки квалификации. Можеби квалитетот е паднат за разлика од порано, но Серија А си има смој шмек. Италијанското не е само Јувентус, Милан или Интер, туку има и други екипи кои играат убав и отворен фудбал. Синоќа Фиорентина - Наполи 3:3 со 3 убави голови за издвојување.

Би го победиле ли Френк Лампард на пикадо?

Во рамки на Светскиот куп во пикадо во Лондон се играше и ревијален дуел меѓу познатите личности. Френк Лампард го претставија како „Магичниот“, а тој не го оправда прекарот на пикадо.

Проблематичниот Супер Куп кој се игра на ниви

Стадиони полни со дупки, тревата изретчена, времето претопло, аматерски тв преноси. Откако Италијанците го преместија првиот трофеј од сезоната во странство, главаат си удираат од ѕид поради проблеми.

Блекбурн ли е, Барса ли е?

Ако некој во Каталонија остана без идеја како понатаму со тики-така играта, еве му инспирација од англискиот второлигаш.

Место во историјата за дискретниот херој Герет Бери

На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.

Како Македонија низ историјата се движеше на ранг листата на ФИФА

Во 1994-та почнавме како 90-ти, 2016-та ја завршуваме 162-ри. Оваа година не може во никој случај да се смета за успешна фудбалска година бидејќи го победивме само Азербејџан.

Животната форма на 35-годишниот Диего Лопез

Во новата сезона Еспањол влезе со големи очекувања. Сопственик стана амбициозен Кинез, во екипата дојдоа познати играчи а главен тренер беше поставен Кике Санчез Флорес. Творец на триумфалниот марш на „папагалите“ од Барселона е ветеранот Диего Лопез.

Дедо Мраз како лево крило во Баерн

Во недостиг на идеи што со топката, Тијаго Алкантара во една од акциите на синоќешниот дуел против Лајпциг.

Значењето на Видиќ во еден гиф

Во Манчестер Јунајтед нема повеќе вакви момци кои ставаат трн во здрава нога само за да го спасат голот.

Остануваме 162-ри

Македонската фудбалска репрезентација не се помести ниту едно место на најновата ранг листа на ФИФА и 2016-та ја завршува со најлошиот остварен пласман во историјата.

НЛБ Банка со голман играч не успеа да го изненади ЈСП

Трансмет и ЈСП ги забележаа последните победи во Бизнис лигата за годинава.

Гранит ги искористи грешките на Македонски Телеком

Во Бизнис лигата на Македонија се одиграа две средби на кои до бодови стигнаа екипите на Гранит и Еуролинк.

Меси и Суарез во битка со дронови

Јапонци се решија да летаат дронови за да ги тестираат нишаните на двете ѕвезди на Барселона. Откако сфатија дека не бива на сила, Суарез го најде чарето, а коментаторот е до толку внесен во приказнава како да се работи за Ел Класико.

„Сигнал Идуна Парк“ е неосвоена тврдина во 2016-та

Иако синоќешното реми против Аугзбург е разочарување за навивачите на Борусија Дортмунд, сепак тоа донесе еден голем историски ден за клубот. Никој не успеа да освои три бода оваа календарска година во Дортмунд.

Лобот на Тоти против Интер во 2005-та

Рома му гостуваше на Интер во големото дерби на „Џузепе Меаца“ и славеше со 2:3. За водство од 0-2 тогаш Ил Капитано постигна маестрален гол и преку 80.000 луѓе станаа да му аплаудираат.

И Оскар од Челси падна во искушение за Кина

Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?

Англиските тренери се тешки лузери во последните 30 години

Тезата дека за силна репрезентација потребна е квалитетна лига во Англија не важи. Англичаните го измислија фудбалот, а освоија само едно Светско првенство и ниту едно Европско. Тоа што го остварија пак нивните стратези во меѓународни рамки од 87-ма до сега е уште поголем срам.

Кантона и господската прослава на голот

На 21 декември 1996. година, пред точно 20 години, Јунајтед со 5:0 го згроми Сандерленд. На тој меч ефектен гол даде Ерик Кантона и го прослави многу фраерски.

Муса Дембеле во Меси стил

Пред да заигра во Премиер лигата, белгискиот репрезентативец Муса Дембеле играше во АЗ Алкмар под водство на Луј ван Гал. Овој негов слалом од 2008-ма на некои играчи им успева еднаш во кариера, а други може да сонуваат за вакво нешто.

Најдобриот навивачки момент за 2016-та

На 14-ти април годинава, Ливерпул и Борусија Дортмунд одиграа луд меч со дури 7 гола. „Црвените“ со гол на Ловрен во 97’ минута славеа 4:3 и се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, но мечот го одбележи заедничкото пеење на You''ll never walk alone на Германците и Англичаните пред почетокот.

Кога Берлускони се карал со Капело за Савичевиќ

Освен по прекарот Геније и неверојатниот дриблинг, Дејан Савичевиќ бил познат и по незгодниот карактер и важел за инает со кој Капело не можел да излезе на крај. Дејо се смета за најомилениот играч на Силвио Берлускони.