Натпреварите во Премиер лигата продолжуваат традиционално на Боксинг деј на 26 декември, а прв на табела е Челси со 6 бода предност пред второпласираниот Ливерпул.
Ако тимот на Антонио Конте верува во традиција која тешко се руши, тогаш во мај следната година ќе го крене пехарот. Во сите четири наврати кога Сините од Лондон биле лидери за Божиќ, потоа ја освојувале титулата. Така беше во сезоните 2004/2005, 2005/2006, 2009/2010 и 2014/2015.
Лидерската позиција на табелата пред Боксинг деј донела титула во 50% од случаите или во12 од 24 сезони во Премиер лигата. Куриозитет е што Арсенал во ниту една од сезоните која ја освојувал титулата (1997/1998, 2001/2002 и 2003/2004) не бил прв за овој празник.
Ливерпул пак има рекордни три први места за Божиќ кои ги има упропастено на крајот, а Астон Вила е екипата со најголем пад. Во сезоната 1998/1999 празнично бил прв, а на крајот паднал на шеста позиција.
Што се однесува на дното на табелата, друи во 21 сезона од вкупно 24 екипите кои биле во зоната за испаѓање за Божиќ на крај испаднале во втора лига. Единствените три екипи кои се спасиле во таква ситуација се ВБА (2004/2005), Сандерленд (2013/2014) и Лестер (2014/2015).
Инаку Челси игра во топ форма и има 11 победи по ред во Премиер лигата од кои 9 без примен гол и му фалат уште 3 за да го сруши рекордот на Арсенал од 2001/2002 кој имаше 13. За тој подвиг треба да ги победи дома Бурнемут и Стоук, а потоа Тотенхем на гости.
Во прилог на тоа им оди распоредот во следните 3 кола во кои се привилегирани како единствена екипа да имаат 7 дена пауза и да ги играат натпреварите во рок од 10 дена.
Поголемиот дел од клубовите за Божиќ и Нова година имаат 5 дена луфта, а Саутемптон во 6 дена има 3 дена фудбал, 3 дена одмор.