При резултат 1-1 на дуелот Челси - Чарлтон паднала толку густа магла што гостинскиот голман Сем Бартрам ги губел играчите од вид: „Гледав сè помалку и помалку фигури кога напаѓавме“, се сеќава Бартрам во неговата автобиографија.
По неколку минути сам на голот, еден полицаец му викнал: „Што правиш тука човеку? Мечот се прекина пред 15 минути. Теренот е целосно празен! ’Кога влегов во соблекувалната цела екипа веќе беше под тушевите и почнаа да ми се смеат на глас“.