Offside

Денвер Нагетс долго време се мачеше против Њу Орлеанс но на крајот успеа да победи во продолженија иако во еден момент губеше -23 поени разлика. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок и беше најдобар на теренот. Постигна 35 поени со 15 скока и 10 асистенции со што стигна до бројката од 222. трипл-дабл учиноци во кариерата и го надмина Расел Вестбрук.

Аркан, Блатер, Ескобар, Берлускони, Мамиќ...тие се тие

И сега се прашувате што бараат овие “чесни“ момци заедно во наслов. Гол.ком направи листа на топ 20 најконтроверзни претседатели во фудбалот. Друштвото е “ултра скромно“, а од нив дури седуммина се Италијанци.

Комедијата со Кинезите во Милан

Стефано Корти и Алесандро Онис се комичари на кои им дошло преку глава од тетеравењето на Берлускони со продажбата на Милан на кинеските милијардери, па решиле да направат мала рапсодија. Наоѓаат Кинези кои во Милано работат како и секој просечен Кинез, ги дотеруваат во одела и во луксузни џипови ги носат до Миланело па до Сан Сиро за да се запознаат со клубот и управата. Најјак момент е кога еден од обезбедувањето им вика: “Сега ќе се јавам кај г-ѓа Барбара Берлускони и кај Галијани“.

Од собирач на топки до освојувач на Златна топка, втор дел

Фабио Канаваро раскажа што значи да тренираш покрај Марадона, потоа да се справиш со него, да учиш од Ферара и да го чуваш Роналдо. Во вториот дел ќе читате за искуствата со Зидан, Пирло и Тоти, играњето во Реал, но и разликата од играч до тренер.

Изјава на столетието

Марко Дујковиќ, кошаркарот на Металац постигнал 11 поени со 12 скока на мечот против ОКК Белград во српската лига поради што новинарите сакале него да го слушнат. И го слушнаа...

Американско навивање на фудбал

Во моментот кога стоперот на Њујорк Сити, Шано се жалеше на повреда, навивачите на Орландо пееја «Move, bitch, get off the pitch!» рефрен од песната Move Bitch од Ludacris.

Најлудата акција и завршница на македонски футсал натпревар

Ѓорче ли е? Кисела Вода? Маџари? Центар? Или па можеби некој друг град. Не е битно. Тоа што се гледа на видеото е дека виси наше знаме во салава во која дечки во еден напад го мелат противникот мислиш ги гледаш Фалкао и Рикардињо на видеово. Капа доле за потегот на крај.

Најкомплетниот шпиц во Европа игра за Торино

Андреа Белоти дава голови со лева, со десна и со глава, и на тој начин е покомплетен дури и од центарфорите кои спаѓаат во категоријата најдобри на светот. Во моментов е прв стрелец во Серија А, а во Европа пред него се само Меси и Кавани.

10 години од најбрзиот гол во ЛШ

7 март 2007-ма е историски ден за Лигата на шампионите затоа што беше поставен рекорд кој тешко се урива. Баерн Минхен во четвртфиналето го пречека Реал Мадрид, а Рој Макај го постигна најбрзиот гол во историјата на ова натпреварување. Му беа потребни само 10,12 секунди.

Конте треба да носи ракавици

Тренерот на Челси пред почетокот на синоќешниот меч против Вест Хем се испоздрави со целиот стручен штаб на домаќинот па после како да се покаја.

Само Канте може сам да си ја подаде

Јас сум среќен човек што можам секој викенд да го гледам овој човек како игра фудбал. Каков монструм од играч, стои во еден од коментарите за потегот на Канте кој се надминува себе си од натпревар во натпревар. Овој потег е од вчера против Вест Хем на гости.

Најчитаните 5 статии во Офсајд

Нашиот петти роденден како сајт нè натера да влеземе во спортската архива за да видиме што во изминативе 1.825 дена куцање ви било најинтересно за кликање. Душан ве купил со тајмаутот на Лино Червар, а Филип со статијата за Ѓоковиќ.

Ни Милер веќе не е тоа што беше

Секако, Баерн ги сака и цени своите лидери. Но повеќе ги сака трофеите така што нема правила дека на некоја ѕвезда ќе му даде повеќе време да ја најде формата. Не си спремен да му помогнеш на клубот да победува? Има такви кои ќе го направат тоа место тебе

Од собирач на топки до освојувач на Златна топка

Фабио Канаваро е третиот дефанзивец после Бекенбауер и Замер кој ја освоил Златната топка. За да стигне до таму прво почнал да трча по топките на Марадона, потоа да му се спротивстави на тренинг, а стравот го победил во дуел со најдобриот од неговата генерација, феноменот Роналдо. Приказната за него ќе оди во два дела.

Класика в жанра

Се викаше ’Тајниот Турнир’ а беше познат и како ’Кафезот’. До ден денес е најславна рекламна кампања на Најк која што коинцидираше со Светското првенство 2002.

Кои напаѓачи сезонава киснат најмногу во офсајд

Единсон Кавани до сега има постигнато 37 гола на 36 средби на сите натпреварувања и за тоа што линиските судии дури 27 пати го ваделе од офсајд, не смееме да го ругаме. Ова е сликата со најдобрите 20 стрелци во топ 5 лигите кои сезонава биле најмногу пати фатени во недозволена ситуација.

Пушти ги нека се тепаат навивачите

Познат руски пратеник даде необично решение за проблемите на земјата со фудбалскиот хулиганизам во пресрет на Мундијалот наредната година. Легализација за тепачките.

Гигантот со 110 освоени пехари слави 115-ти роденден

Клубот кој важи за најголем во светот по многу параметри, денес ќе дува 115 свеќички во трофејната сала во која ти требаат неколку дена за да ги видиш сите освоени титули.

Плејмејкерската улога на Меси

Во Барселона има уште еден Андрес Иниеста кој се вика Лионел Меси. Има безброј акции во кои учествува, но тие не можат да се впишат во статистиките бидејќи не се ниту голови, ниту асистенции. Ова се тие ситуации во кои Меси дава топки со очи, односно она клучно додавање по кое паѓа асистенција за гол.

Чемпионшип ли е панаѓур ли е

Третиот и првиот на табелата во втората по ранг англиска фудбалска лига Чемпионшип, Хадерсфилд и Њукасл одиграа меч на кои имаше киксови од нивото на седма лига. На крајот тимот на Рафа Бенитез славеше 1:3 и го зацврсти првото место кое води во Премиер.

Тежок дебакл на ракометарките на Вардар во Франција

Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).

Мајсторија на Бабунски за делириум на Јокохама

Втор меч, втор гол на Давид Бабунски кој реагираше маестрално на прва на мечот против Сапоро кој го доби Јокохама со 3:0. На македонскиот репрезентативец одлично му тргна во Јапонија, а беше стрелец и на минатиот меч кој го добија со 3:2. 

Феноменалниот Реина во 93-та минута

На првиот меч од 27. коло од Серија А на навивачите на Олимпико во Рим им застана здивот од 93-та минута откако Рома испушти златна прилика за 2:2. Во тоа ги спречи одличниот Реина кој на топка со сменет правец реагираше маестрално. Со оваа победа Наполи се доближи на два бода до второпласираната Рома.

Бледо издание на Вардар, четвртфиналето ќе се брка во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.