Игор Лебедев, кој е член на рускиот парламент смета дека инцидентите во фудбалот треба да се искористат и да станат дел од “драка“, што во превод значи борба која се состои од 20 невооружени тепачи кои се борат на сцена.
„Организираните тепачки меѓу навивачите може да се искористат во мирна насока и да се легализираат. Русија би била пионер во овој нов спорт кој може да послужи како пример за англиските фанови“, смета Лебедев.
Ова не е прв пат тој да дава контроверзни мислења за решавањето на хулиганизмот. Тој зборуваше со гордост и за насилството во Марсеј минатата година на ЕП, кога голем број на руски навивачи обучени со боречки вештини правеа нереди и се тепаа со англиските фанови.
Игор Лебедев истовремено е и заменик претседател на парламентот на Русија, како и дел од бордот на Руската Фудбалска федерација. Тој лично се познава со еден од навивачите кој лани беше депортиран од Франција, а двајца добија затворски казни.
Рускиот политичар кој им даде поддршка на навивачите со паролата „Така е момци, само продолжете“, ветува максимална безбедност за сите туристи кои ќе отпатуваат во Русија на СП 2018.
Може ли да му се верува на политичар, особено со вакви идеи?
Вака изгледа тој спорт