Offside

Словенецот со право го сметаат за еден од најдобрите велосипедисти во историјата. Никој не успеал да стигне до пет титули на најпрестижната трка во светот на само 27 години.

Топка со очи

Џордан Хендерсон го има додавањето на колото во Премиер лигата кога во оваа акција му ја даде топката на Клајн како со раце.

Најзабавното од МЛС за годината

Работите не одат секогаш според планираното, се вели во описот на ова видео кое покажува дека Американците имале еден куп интересни работи за издвојување од фудбалот во 2016-та. 

Кои се најдобрите фудбалски судии на светот

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го објави овогодинешниот рејтинг на најдобрите светски судии.

Тежок голмански живот со обвинение за убиство и деби во Серија А на 33 години

Тоа што на 20 години ти се паднало да растеш покрај Толдо, Занети, Кордоба, Станковиќ и Виери, не е гаранција дека ќе успееш. Еден ден може да бидеш третолигаш, а друг ден да се гордееш што си му одбранил пенал на Милан.

Шпанското трио кое држи монопол со трофеите

Ако ве прашаат на некој квиз кои екипи ги освојуваат меѓународните трофеи во последните 3 години, лесно ќе запаметите. Се работи за три од иста земја кои тронот не го даваат за жива глава.

Дај му добра асистенција и викни мајстор за обрачот

Октавиус Елис има 23 години и игра центар за црногорскиот АБА-лигаш Морнар од Бар. Иако неговиот тим жустро се бори за опстанок во лигата со нашиот Карпош Соколи, Елис од натпревар во натпревар ги витка обрачите.

Урбаната музика и најдобрите патики на едно место

Бидете присутни на промоцијата на Mix tape-от во Buzz shop, слушнете го миксот на DJ Гоце, добијте подарок CD, дружете се, забавувајте се и споделете ги Вашите мислења за омилените патики.

17-годишниот Словенец Домен Превц прв фаворит на „Четири скокалници“

Најмалиот од браќата Превц, Домен Превц како лидер во Светскиот Куп ги пречекува „Четирите скокалници“ кои започнуваат утре напладне. Петер во моментов е 14-ти и скока во послаба форма од лани.

Топ 5 епски грешки во локален фудбал

Сите потези се за сеир, ама дека некој друг ќе успее да си даде автогол како тој на крајот од видеото, тоа не веруваме. Дечкото е за на вечна листа на автоголови.

Како се подготвуваат македонските репрезентативци за Мундијалот

Лино Червар маста им ја вади на ракометарите во Маврово каде работат под полна пареа на формата и кондицијата за Светското првенство кое стартува на 11 јануари. Некои денови се тренира и по три пати на ден, а играчите на вчерашниот тренинг носеа и панцири. Со ваков пристап и залагање очекуваме добро издание во Франција.

Другари сочувајте го момчево, фудбалско злато е

Сè уште неафирмиран, но екстра талентиран и надежен, младиот голгетер на Вардар, Дарко Панчев веќе е баран играч и меѓу големите екипи и меѓу новинарите. Еден од нив го интервјуира во неговиот стан во Кисела Вода, пред да го потпише првиот професионален договор.

Вечерта кога Еден Азар пијан дал три гола

Еден од најдобрите другари на Азар од деновите во францускиот Лил, Рио Мавуба за француски тв канал раскажал една необична епизода од кариерата на Белгиецот во Лига 1.

Во меѓувреме Артуро Видал на плажа

Ѕвездата на Баерн Минхен не е будала да мрзе во Германија за време на паузата во Бундес лигата. Шутот може да се вежба и на некое попријатно место.

Во Англија намерно добиваат жолт, за да одмораат за Божиќ

Англиските клубови цела недела играат беспоштеден празничен фудбал. Саутемптон на пример одигра 3 меча за 117 часа (Челси имаше среќа па одигра 3 меча за 223 часа). Boxing Day е вистинско уживање за гледачите ширум светот, но дали и за играчите?

Како функционира беспрекорната 3-4-3 формација на Конте

Челси влезе во импресивна серија од 12 победи по ред во Премиер лигата, што е нивен личен рекорд и сето тоа оди како подмачкано благодарение на одлично завршените задачи кои италијанскиот стратег им ги дава на своите незаменливи јунаци.

Топ 5 слободни удари на Чаланоглу

Иако има само 22 години, турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу кој игра за Баер Леверкузен, веќе има зад себе доста солидно портфолио со мајстории од слободен удар во Бундеслигата. Голот на прва позиција е за неверување.

Сите сме Варди

Суспензијата од три кола за главниот играч на Лестер го разлути газдата на клубот кој со поддршка на целата публика и самиот играч реши да протестира на Боксинг деј на интересен начин.

Кажи како после тајм-аутов да не победиш?

Тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ тотално полуде на еден тајм-аут пред крајот од мечот против Карпош Соколи во АБА лигата па им порача на играчите што ги чека утре сабајле на тренинг.

7 годишниот Ренато стигна да тренира во Барселона

„Не сме свесни што ни се случува. До вчера си играше со топка во соба два на два, а сега стигна да гази во Барселона“, вели Јусуф, таткото на нашиот голем фудбалски талент кој на само 7 години ја почувствува магијата на Ла Масија.

Како Кампос со висина од 168 сантиметри стана врвен голман

Најдобриот голман во историјата на Мексико модата од плажите на Акапулко ја пренесе на теренот и носеше психоделични дресови кои ги заслепуваа напаѓачите. Подоцна вакви дресови облекуваа Симан, Ван дер сар, Чилаверт, Борислав Михајлов...

Најлудиот Боксинг деј

Во 63-та или немало алкохол или пак се пиело повеќе за Божиќ па голманите во Премиер лига биле ќорави за време на традиционалниот празничен фудбалски ден. 66 гола на 10 меча.

Легендарната фотографија од Челси - Чарлтон во ’37-ма

Сем Бартрам, 25.12.1937, претпоставува дека неговиот Чарлтон го притиска Челси и 15 минути стои сам во магла на прекинатиот меч.