На германското дерби овој викенд меѓу навивачите на Шалке кои беа домаќини, осамна еден жолт дрес кој го носеше жена. Од оваа храброст која ретко се гледа на дерби натпревар најмногу беше воодушевен Марк Бартра.
Шпанскиот дефанзивец веднаш по завршувањето на мечот побара помош за да ја најде навивачката и за потегот да ѝ подари дрес.
Твитот на Марк брзо со рашири. Навивачката се вика Стефи која на стадион била со својот сопруг. Бартра се заблагодари за помошта и наскоро ќе се сретне со неа.