Фудбалерот на Борусија Дортмунд до толку беше импресиониран од храбрата навивачка која со жолт дрес се измеша во машко друштво меѓу големите ривали од Шалке, што сакаше да ја сретне. Шпанецот доби помош за да ја пронајде, ја покани на тренинг, ја гушна и ѝ подари дрес. Прав џентлмен.