Фабрика Карпош со одлично поставен напад до победа над Еуролинк
Фабрика Карпош5-1(1-1) Еуролинк
Фабрика Карпош:Александар Божиков 7’ 22’ 29’ 38’ Игор Николовски 40’
Еуролинк: Раде Бакев 9’
Во првото полувреме екипите на Фабрика Карпош и Еуролинк играа крајно израмнет егал натпревар. Во текот на целото полувреме и двете екипи иако имаа слаба реализација играа доста офанзивно од која игра произлегуваа отворени шанси за гол. И на двете страни екипите успеаа по еднаш да реализираат па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Уште на самиот старт од второто полувреме екипата на Фабрика Карпош постави одличен напад со колективна игра во која Александар Божиков по одличните асистенции на неговите колеги одигра главна улога со одлична реализација успеа да наниже 3 гола што и овозможи на екипата на Фабрика Карпош резултатски да се одлепи. Екипата на Еуролинк со голман играч се обиде да ја надомести оваа негатива не не успеа во тоа па Фабрика Карпош го доби овој натпревар со резултат 5-1.
Екипите на ЕВН и Македонски Теклеком ги поделија бодовите
ЕВН 4-4(3-3) Македонски Телеком
ЕВН: Томи Илиевски 8’ 13’ Бојан Симоновски 12’ Илија Мандаров 39’
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 2’ 10’ Ивица Вељановски 19’ Петре Велигденов 32’
Во текот на целото прво полувреме екипите на ЕВН и Македонски Телеком играа гол за гол крајно израмнето во игра во која ниту една од двете екипи не дојде до резултатска предност. Прва до водство дојде екипата на Македонски Телеком на самиот старт преку Наскоски по што следеше одговор од Илиевски од екипата на ЕВН кој по само неколку минути го израмни резултатот. Се до самиот финиш на полувремето и двете екипи се менуваа во водството за да на крајот полувремето заврши си израмнет резултат од 3-3. Во второто полувреме се продолжи со иста игра но екипата на Македонски Телеком Преку контра напад кој го предводеше Велигденов успеа да дојде до предност од 3-4 по што ЕВН беше приморан во своите редови да го внесе Мандаров како голман играч кој беше прав погодог и на неполна минута до крајот успеа да израмни на 4-4 како што и заврши овој натпревар.
Факом не успеа да ја изненади Систина
Систина 10-6(5-0) Факом
Систина: Игор Ѓорѓиевски 1’ 15’ 38’ Кристијан Димковски 16’ 18’ 37’ 40’ Ѓорѓи Иванов 23’ 39’ Никола Трајковски 20’
Факом: Шенол Аџировски 25’ Боро Мисердовски 33’ 39’ Бојан Симоновиќ 35’ 38’ Бобан Китановски 37’
Екипата на Систина одигра маестрално прво полувреме во кое целосно доминираше и не му остави Простор на Факом во ниту еден момент да дојде до својата игра. Систина ги држеше конците во своите раце и со чести измени и висок ритам на игра успеа на полувремето да оди со високо водство од 5-0. Во второто полувреме дојде до опуштање во редовите на Систина што Факом успеа да го искористи да наметне свој ритам и на само три минути пред крајот да влезе во егал натпревар. Систина ги консолидира своите редови заигра на потребното ниво и успеа да дојде до победа на овој натпревар од 10-6