Како ретко оваа сезона Олимпико нема да биде домаќин само два, туку четири пати на едно од најголемите градски дербија во светот. Тоа се должи на двобојот кој Лацио и Рома вечерва ќе го имаат во реванш полуфиналето од Купот на Италија.
Лацио ќе брани резултат од 2:0 пред околу 50.000 гледачи на Олимпико и 400 новинари, а дуелот ќе биде пренесуван во 120 земји во светот. Она што ќе придонесе за уште поголем спектакл е отстранувањето на оградите со кои беа поделени и двете навивачки групи.
Во оваа прилика ќе ве потсетиме на историјата која се крие зад стадионот на кој Лацио и Рома се соочиле вкупно 182 пати. Олимпико му припаѓа на грандиозниот спортски комплекс Форо Италико преполн со фашистичка иконографија.
Во него и денеска може да се видат 4,5 метарски мермерни скулптури од италијански спортисти претставени во полу еротски пози, како и 15 метарски обеликс кој го носи натписот "Mussolini Dux", најголемиот преживеан споменик на фашистичкиот лидер на Италија, Бенито Мусолини.
Изграден меѓу 1928-ма и 1938-ма Форо комплексот кој го вклучува стадионот Олимпико е дизајниран во типичен фашистички стил. Инспириран од римски форуми дизајнот е на Енрико Дел Дебио и подоцна на Луиџи Морети. Фашистичката архитектура е инспирирана од класичниот римски дизајн, но додека тој има раскошни детали и заоблени рабови, фашистички згради се главно ладни и забранети. Кај нив преовладува симетрија и прави линии.
Фото Италико бил првично познат како Форо Мусолини. Италијанскиот диктатор брзо ја препознал потенцијалната моќ на спортот во своите политички и идеолошки амбиции, а во случајот на фашизмот тоа се национално единство и меѓународен углед.
Без разлика дали се тоа физички вежби како форма на милитаризмот или големи спортски прилики како вистински опиум за народот, фашистичкиот режим на Мусолини го искористил спортот во сите форми. Диктаторот често одел на гледа разни спортови како пливање и тенис каде исто така сакал да биде нагласена неговата сила.
Не случајно што Италија два пати по ред го освои Светско фудбалско првенство 1934-та и 1938-ма во златната рена на фашизмот. Таквите спортски достигнувања се доказ за супериорноста на Италија во фашистичката идеологија.
Моќта на Мусолини е доказ и за економскиот прогрес во земјата во која биле изградени: “Mussolini” стадионот во Торино, “Littoriale” во Болоња , “della Vittoria” во Бари, “Berta” Фиренца, “Edda Ciano Mussolini” во Ливорно и “XXVIII Ottobre” во Аквила.
Од 1929-та до 1940-та, Рома ги играла своите домашни натпревари на мал дрвен стадион во работничката класа на местото Тестачо во Рим. Атмосферата било исклучително застрашувачка и тоа биле главно успешни времиња за клубот.
Во 1940-та се преселиле на Partito Nazionale Fascista и токму на овој стадион Рома во сезоната 1941/1942 го освоила првото Скудето под сомнителни околности. Во сезоната 1953/1954 Рома почнала да игра на Олимпико кој го дели со својот голем ривал Лацио.
Се разбира, Олимпико бил подложен на разни надградби, редизајн и ребрендирање за време на фашизмот, особено за време на Олимписките игри во 1960-та. Беше обновен за Мундијалот 1990, како и модернизиран за финалето на ЛШ во 2009-та меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед. По овие подобрувања, стадионот беше преквалификуван од УЕФА во категорија 4.
И покрај разните реинкарнации, Форо Италико останува еден од примерите за преживување на италијанската архитектура од фашистичката ера.
И додека може да се тврди дека за таквите остатоци нема место во модерниот спорт, тоа е тешко да се каже за естетската убавина и ефикасна функционалност на Форо. Спортски центар кој не само го што има националниот стадион, туку домаќин е на два клуба од Серија А, како и CONI (Италијанскиот Национален Олимписки Комитет). На тоа место има олимписки базен, стадион со атлетска патека и тениски игралишта.