Чеик Саад е центарфор на шпанскиот третолигаш Елденсе кој открил детали за фингираниот резултат на мечот против Барса поради што сопствениците на клубот и италијанските инвеститори решиле да отстапат од лигата и да го расформираат клубот основан во 1921 година.
Веднаш по објавата на Саад, луѓето од управата на Елденсе ангажирали обвинители и се обратиле во полицијата со цел да откријат дали средбата била „штелувана“.
Бесен бил и претседателот на Елденсе Давид Агилар којшто рекол дека е невозможно да примат 12 гола од Барселона Б затоа што Каталонците настапиле без дури четворица најдобри играчи: Марко Цуцурел, Жорди Мбуле и Карлес Ален.
„Неколку недели имаше сомнежи дека натпреварот ќе биде наместен. Други луѓе ми кажаа дека за време на натпреварот двајца луѓе се симнале од трибините и кажале дека резултатот е наместен за интереси на букмејкери. Еден од тие луѓе е агент на фудбалери“.
Напаѓачот на Елденсе додава и дека дебаклот бил наместен и дека го режирале четворица негови соиграчи кои се кладеле на исход 0:8 на полувреме и 0:12 на крај од мечот.
„Верувајте, уште не можам да ги откријам имињата на тие четворица, но ветувам дека ќе го сторам тоа штом добијам дозвола“, изјавил Саад за шпанското радио RAC1.
Саад сфатил дека нешто не е во ред и тргнал да им се извини на навивачите на кои им сугерирал дека натпреварот е наместен.
„Во соблекувалната за малку ќе се степав со некои од четворката која го организираше ова. Ми стана сомнително кога тренерот на денот на мечот ми рече дека играм, истото ми го повторо на пола саат пред средбата за на една минута пред да истрчаме ми каже дека ќе бидам на клупата. Уверен сум дека и тој е вмешан затоа што не му одговарало да играм јас кој немам врска со нестенката. Ми кажа дека ќе влезам од клупата но одбив кога ме прати на загревање откако го примивме петтиот гол. Истото им го кажав на сите резерви на тој меч, да одбијат да играат затоа што засекогаш ќе ги поврзуваат со оваа срамота“.
— cheikh saad (@cheiko20) April 2, 2017
Чеик тврди дека фудбалерите на Барселона Б немале никаква врска со прљавиот бизнис на неговите соиграчи: „Апсолутно никако, дечките си ја работеа својата работа и нè наполнија со голови. И јас би го направил истото да бев на нивно место“.
Чеик Саад е толку сигурен во наместениот резултат што тврди:
„Има видео на кое се зборува дека моите соиграчи се кладеле на многу високи уплати за исходот. Се зборува за 30-40.000 евра, но се работи за далеку поголеми износи. Ми се закануваа да не откривам ништо но не им се плашам. Некои од нив кои го наместија мечот плачеа на крајот за да ги снимат камерите“.
A mi nadie me va a joder la carrera i menos por estas cosas verguenza puta verguenza! Luego nose como pueden mirar a la gente a la cara!!
— cheikh saad (@cheiko20) April 2, 2017
Победата од 12:0 била најубедлива во историјата на Барселона Б која сигурно чекори кон втората шпанска лига Сегунда. Елденсе во 31. коло примил 68 голови, во просек по 1,4 гола по натпревар, а по дебаклот од Барса гол разликата им е 22:80.