Варди во сезоната 2012/2013 дојде во Лестер од нисколигашот Флитвуд, а таа сезона дал само 5 гола на 29 меча. Неретко доаѓал под дејство на алкохол на тренинзите и играл многу слабо, поради што не гледал излез од голгетерската криза.
Шекспир, кој во тоа време му беше помошник на тогашниот тренер Најџел Персон изјави дека стручниот штаб го убедувал Варди да остане во клубот. На крајот го убедиле и тоа било клучна одлука затоа што 30-годишниот Варди беше најзаслужен за сензационалната титула на Лестер минатата сезона. Досега забележи и 16 настапи за Англија.
На прес-конференцијата пред вечерашниот меч со Сандерленд, Шекспир раскажа:
„Добро ја памтам ситуацијата со Варди. Во тоа време Џејми призна дека тешко му оди и дека сака да прекине со фудбалот, па јас и тренерите Најџел и Стив (Волш, помошен тренер) го седнавме и му кажавме дека поседува квалитет само му треба да ја најде формата. Му рековме дека не само што е способен да игра во Премиер лигата, туку и дека е репрезентативен калбиар. Среќа не замина за Ибица и донесе права одлука ако знаеме што се направи. Наша работа е да ги поддржуваме играчите, затоа што понекогаш сомневаат во себе“.
Варди сезонава на 32 меча даде 9 гола за Лестер во сите натпреварувања а за Англија постигна 1 гол на 3 средби.