Марио Гомез е многу противречен играч. Важеше за еден од најдобрите стрелци во историјата на германскиот фудбал но и за напаѓач кој неретко промашуваше важни шанси во кариерата.
Така претседателот на Баерн Ули Хенес после финалето на Лига на шампиони против Челси за поразот со прст покажа во центарфорот: „Гомез е добар напаѓач, не е најдобар. Ако беше најдобар Баерн ќе го победеше Челси во финалето“.
Марио Гомез е на 15. место на вечната листа најдобри стрелци во Бундеслигата. Во моментов е на 147 погодоци. По освоената Триплета во Баварија, Гомез се пресели во Фиорентина која за него плати високи 21 милион евра, но тој не се пронајде во Италија.
Не само што не беше стартер туку даде само 7 гола за 24 месеци. Во ситуација кога немаше друго решение, Марио решил да оди на позајмица во Бешикташ. Турскиот клуб стана дефибрилатор во кариерата на Германецот: 26 гола на 33 меча и стана Gol Kralı, најдобар стрелец во лигата а на Бешкиташ му ја донесе првата титула после 7 години. Навивачите го засакаа како ретко кој, но...
ВРАЌАЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈА
„Единствена причина за моето заминување е политичката ситуација во земјата. Моето заминување не е поврзан со спортот. Се случија многу страшни настани во последните неколку дена. Верувам дека сите политички проблеми врзано со политиката ќе се решат по мирен пат“, изјави Гомез во јануари кога со тешко срце го напушти Истанбул и потпиша со Волфсбург.
Главно прашање во фудбалска Германија беше: Може ли Гомез да го демонстрира во Бундес тоа што го покажа во Турција? Прогнозите беа противречни како и самиот центарфор. „Волците“ имаа лоша полусезона и со една нога беа во втората лига и им била неопходна помош од нов напаѓач.
Поради слабите резултати во есенскиот дел, Валериен Исмаел доби отказ од Волфсбург а на негово место дојде Андрис Јункер. Тандемот Јункер-Гомез одлично соработувал уште во 2011 година во Баерн каде Јункер бил помошен тренер. Кога дојде во Волфсбург, Гомез даде 9 гола на 5 меча а сега под водство на Холандскиот стратег има 3 гола на 3 меча.
Особено на последните неколку натпревари Гомез покажа дека буквално го држи Волфсбург над зоната за испаѓање. Денес Марио е најефикасниот играч на „Волците“ на кој во просек му требаат 120 минути да постигне гол.
„Мислам дека Светското 2018 ќе биде последно за мене во репрезентацијата. Треба да се биде реален и да се каже дека во време на турнирот ќе имам 33 години“, вели Марио Гомез кој на СП 2018 ќе ја има последната шанса да стане светски шампион со репрезентацијата на Германија за која не играше 2014-та во Бразил.
Во месец март против Азербејџан го даде 30-от гол во дресот на Германија. Неодамна го одбил кинескиот Тјанцин: „Во Кина даваат многу пари, кога читаш за тоа во весник ти делува просто неверојатно. Но немам намера да заиграм во кинеското првенство.
Секако, уште едно враќање на голема врата во репрезентацијата доколку игра во Кина би било невозможно.