Фудбалскиот клуб Тромздален е од градот Тромзо, на крајниот север на Норвешка и светот воопшто. Основан е во 1938 година и домашните дуели ги игра на „Тромздален Стадион“ којшто има 3.000 седишта.
По долг престој во ниските лиги, во 2003-та се пласирале во најдоброто друштво но испаднале по само една сезона. За разлика од нив, нивнот градски ривал и попознатиот Тромзо игра во првата лига а одвреме-навреме се појавува и во Евро куповите. Стадионот на Тромзо „Алфхајм“ собира 6.859 гледачи.
Пред една недела, стадионот на Тромздален изгледал вака:
Но во пресрет на новата фудбалска сезона, домаќините се фатиле за работа, па после два дена изгледаше „малку од малку“:
Во првото коло им гостуваше тимот на Осана кој кога дошол во Тромздален видел шест метри снег:
На денот на мечот огреало силно сонце, па Тромзо без проблеми славеше со 2-0:
Изведуваш корнер и...
Еве како изгледа градчето: