Offside

Ракометарите на Вардар го згазија Нант на гости и му наплатија со камата за тесниот пораз во Јане Сандански.

Минути со проф.д-р Зинедин Зидан

Беше професор, доктор, учител, уметник и не знаеме веќе што за фудбал. Човек кој играта со топка ја негуваше до совршенствно. Кога Зидан везеше во среден ред, тоа го правеше како е е најлесната работа на светот. Ќе се роди ли повторно ваков мозок?

Анегдотите на тренерите со традицијата пиење вино во Премиер лига

Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.

Секогаш е убаво да се чуе ова химниште, особено од вакви навивачи

You'll Never Walk Alone е песна која не старее и не здосадува. Таа не грми само на Енфилд, туку и на други стадиони. Одиме со едно нејзино празнично издание во изведба на навивачите на Селтик кои ти прават да ти пролазат морници без разлика за кого навиваш.

Исцрпувачката судиска работа за време на немилосрдниот празничен фудбал во Премиер лига

Гвардиола е еден од последните тренери кој новогодишниот распоред во Премиер лига го нарече катастрофален за играчите, но се запрашал ли некој како им е на судиите кои киснат по патишта и глават на стадион скоро колку едно работно време од 8 часа.

Царот што три месеци снимал видео со најдобри потези на Федерер

Покрај сите награди, одличја, трофеи и достигнувања, Федерер одвои време да му се заблагодари на човекот кој цели три месеци ги склопувал неговите најдобри потези во кариерата во едно видео.

Гркот води во изборот за Ол-Стар 2018 пред Леброн и Кари

Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс е најсаканиот играч меѓу љубителите на НБА во првите 12 дена од гласањето за стартери на Ол-Стар мечот кој ќе се одигра во Лос Анџелес. Разликата која што Гркот ја направи е до толку голема што може и да остане прв.

Во Бундеслига веќе нема да се игра со топки Adidas

Најпознатиот германски производител на спортска опрема веќе нема да доставува фудбалски топки за најголемиот спортски турнир во Германија.

Лудорија од гол на голман кој последен сфатил дека е стрелец

Ли Изи кој настапува за тимот на Кармартен Таун во првата фудалска лига во Велс, ја стартуваше 2018-та со својот прв гол во кариерата кој ќе го раскажува на внуците. Тој ја рогна до небо и потоа го чекаше исходот кој го дозна со задоцнување.

Најдобри спортски фотографии во 2017

Минатата година беше полна со спортски настани а некои од необичните спортови влегоа во најтесен избор за фотографија на годината сликана на нивните натпревари.

Лондонско дерби со две ремек дела и фото на годината

Фудбалерите на Тотенхем и Вест Хем одиграа здодевен натпревар на кој скоро пола стадион беше празен, а до 70-та минута мрежите мируваа. Потоа паднаа два проектили кои ќе конкурираат за гол на сезоната во Премиер лига

Галијани: Брат му на Балотели е лажго

Марио Балотели и неговата прва будалаштина во 2018-ма. Го победил брат му на ФИФА, ама овој не сакал да го признае поразот, па ги насамарил Нејмар, Фалкао и компанија сите заедно да го тролаат брат му дека е лажго. Вакво нешто би му текнало само на Марио и никој друг.

Арпад Штербик - уникатен феномен во светот на спортот

Како да ви го опишам? Људина од преку два метри, но веќе на прв поглед се гледа дека е добар човек. Мирен, сталожен, ниту трага од надменост. Мирот од терен го пренел во својот приватен живот или па можеби е обратно.

Зошто на Лацио му лепат етикета дека е про-фашистички клуб?

Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.

Зошто Ајверсон го сметаа за најдрзок играч во НБА?

Го викаа The Answer зошто имаше одговор на секоја противничка одбрана. Техничар како него НБА ретко имала.

Едно поинакво доживување на фудбалски натпревар

Дечкото е од Колумбија, сака многу да гледа фудбал ама не може. Тој спроти него на замислен фудбалски терен му ги движи рацете за да сфати каде е топката и како течат акциите. На тој лево му честитаме за тоа што е прав другар, а на тој десно за желбата и упорноста да дочека гол. 

Ултрасите на Зенит му пишале писмо на Ратко Младиќ

И покрај тоа што УЕФА ригорозно го казни нивниот клуб поради паролата за Ратко Младиќ на мечот против Вардар во Лига Европа, навивачите на Зенит не отстапуваат од поддршката за српскиот генерал осуден неодамна на доживотен затвор во Хашкиот трибунал.

Ќе си платиш 100.000 евра казна за пијаната нова година

Додека неговите колеги објавуваа слики од мирна домашна атмосфера со богата трпеза, Раџа Наинголан за дочекот на новата година лудуваше како тинејџер. Спортскиот директор на Рома се појавил бесен.

„Ми останаа неколку дена живот, нека дојдат легендите на Јунајтед“

Еден од најголемите навивачи на Манчестер Јунајтед, татко на 5 деца кој имал 16 внуци и 9 правнуци имал само една желба пред крајот.

Фудбалер од Чемпионшип добил 1 милион евра на лото

За ирскиот репрезентативец важи маалската ’Па како ќе добиеш ако не играш’. Додуше не играл ни тој, туку чичко му уплатил па му го дал тикетот како подарок.

Нова утка со ВАР, нервоза, црвен и отказ после полноќ

ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал, се вели во еден коментар на навивач на Торино кој со право критикува, нешто кое веќе е малку да помине само со критика.

И ова па головиве само 7 метри долги ги направиле

Арсенал и Челси синоќаа одиграа 2:2 во меч од Премиер лигата и сите 4 гола паднаа во второ. На вакво дерби, да добиеш ваква топка и да не ја искористиш може да ти простат само ако си бек, а и тоа тешко.

Круша под круша паѓа

Бергамашите го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Купот на Италија и после 22 години се пласираа во полуфиналето каде ќе го чекаат подобриот од мечот Јувентус - Торино. Аталанта славеше 1:2 а вториот гол го даде Папу Гомез чијшто син знаеше како тато ќе го слави голот.