Offside

Во фудбалот кој стана бизнис и сè се врти околу пари, романтичните приказни како оваа со младиот Николо Пизили и Рома враќаат во носталгичните денови.

Најубавите голови во светот минатата недела

Собрани во една колекција, маестрални погодоци кои паднаа на различни страни од Земјата. Уживајте.

Конте е како оној што се дере Драганеееее

Актуелниот првак на Англија држи форма како актуелниот првак на Шпанија. И едниве и другиве се на -19 од лидерот на табела со нула шанси за одбрана на титулата. Челси има 6 порази, а последние два му се од Бурнемут и Ватфорд. По тој повод имаме компилација со еден од најнервозните тренери на денешницата на кој му виси работното место. 

Како Шекуларац можел да ја спречи трагедијата на Манчестер

Денес се навршуваат 60 години од трагичниот настан кога набрзо по полетувањето, се срушил авион со фудбалерите на Манчестер Јунајтед кога загинале 8 фудбалери.

Фотографии од легендата на Вардар кој страда за леб

Македонската јавност е шокирана од тв прилогот кој стигна од Делчево. Поранешен фудбалер на Вардар кој беше дел од шампионската генерација на Југославија 1987-ма едвај преживува.

Лалана идиоте, што ти стана?

Повремениот англиски репрезентативец Адам Лалана се врати од повредата и формата ја крева во резервниот тим на Ливерпул (У-23) за кој играат претежно млади играчи. На мечот на младинците против Тотенхем во 63’ минута, Лалана после еден дуел со Џорди Марш го фати малиот фудбалер за врат со ММА потег. Ги раздвои Дени Ингс кој исто игра за резервите на „Црвените“. Лалана одма доби црвен картон.

Пандев одговори на свирежите на Олимпико на професионален начин

И покрај тоа што ја спука со Лотито, трпеше мобинг и на крајот мораше да дојде до разделба со клубот по судски пат, сепак капитенот на македонската репрезентација не заборава кој го порасна како играч.

100-годишниот Фил дочека титула за Филаделфија во Супербоул

Откако внуката на еден навивач на Минесота се пофалила со својот најсакан дедо кој и на 99 години ја бодри екипата, се огласил внукот на еден навивач кој чука пред вратата на стотката ама ја дочека сензационалната титула на Филаделфија Иглс.

100-та на Кејн се одбележа во соблекувална

По Алан Ширер, гол машината на Тотенхем Хари Кејн стана најбрзиот играч кој стигнал до 100 голови во Премиер лигата. За овој голем јубилеј Кејн за подарок од Најк доби специјални копачки со бројот 100 и одржа кус говор после мечот со Ливерпул.

Лацио му стана редовен пациент на Пандев

На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.

Олимпиското село од Игрите во Торино е гето на мигранти

Она што им се случи речиси на сите градови кои беа домаќини на Олимписки Игри, не го заобиколи ниту Торино.

Стручна анализа во студио за тоа каде требал да оди хулиганот

Еден шведски тв канал во студиото отворил дебата за тоа каде пијаниот хулиган кој на кратко го прекина мечот Кристал Палас - Њукасл, требал да оди а да не го фатат.

Опасен штос му направија на Борко од пенал

Францускиот ракометар Јоан Боаседи кој на прва ни заличи на Жибрил Сисе, му продаде ептен јака финта на нашиот Борко Ристовски. Нема што, ова можеби ќе биде прогласен за пенал на годината во Шпанија.

Девојки од Нигерија тренирале со дрвена санка, сега ќе одат на Олимписки Игри

Дури 98 натпреварувања во 7 спортови ќе се одржат на ЗОИ во Пјонгчанг. Нам ќе ни биде привлечна една дебитантска селекција која за првпат ќе се појави на снег - Нигерија во боб.

Како да усреќиш дете за цел живот

Еден од најмладите навивачи на Ливерпул 90 минути држеше картонче со натпис: Салах може да ми го дадеш дресот те молам? Египќанецот тоа го забележал и по мечот се упати на вистинска адреса. Респект. Сега ќе му биде идол 10 пати повеќе. 

Фергусон: Во Јунајтед тренирав четворица од светска класа, а од нив Кристијано беше дијамантот

Додека татко му пиел, а брат му се дрогирал, неговата цел била да стане најјак фудбалер во свет. И ете го до каде стигна. 646 голови во кариерата, 5 Златни топки и 26 трофеи од кои 4 ЛШ и едно ЕП.

Зошто на домашните мечеви на Челси е забранет целер?

Навивачите на многу клубови имаат анегдоти од гостувањата кои се прераскажуваат од колено на колено. Легендата вели дека едно дамнешно гостување на „Сините“ во местото Џилингем ја создало бајката за целерот за кој ден-денес се пее на „Стемфорд“.

Купи ги судиите за да освоиме титула

Јануарскиот преоден рок за трансфери во Италија мина стихијно. Аурелио Де Лаурентис во стилот на своите колеги, не се реши да донесе засилувања и покрај тоа што води жестока битка за Скудетото со Јувентус. Навивачите му дадоа друг предлог.

Норвежаните поради грешен Гугл превод добиле еден тон јајца

Норвешкиот Олимписки тим којшто пристигнал во Пјонгчанг на Зимската Олимпијада не можел да поверува што се случува кога на нивните готвачи поради грешка во преводот им стигнале 15.000 наместо 1.500 јајца. Снабдувачите и готвачите на тимот се изненадиле кога домаќините им истовариле цел шлепер јајца: „Немаше крај на доставата“, вели шефот на Нордискиот тим.

Второто место на Јувентус е за Скудето

Во историјата на Серија А ниту еден тим не се наоѓал на втора позиција на табела после 23 кола со број на бодови каков што во моментов има Јувентус. Проблемот се вика Наполи.

Најубавиот гол на Милан оваа сезона

Удинезе му ја прекина серијата на Џенаро Гатузо од три победи по ред со еден несреќен потег на Донарума кој на 15 минути до крај си даде автогол. Најатрактивниот погодок оваа сезона за Росонерите го постигна Сусо, кој ја опали од 30 метри за сите пари.

И Вардарки знаат со цепелини

ЖРК Вардар му одржа час по ракомет на германскиот првак Битигхајм и го потопи со 12 голови разлика. ЕХФ издвои еден атрактивен момент од оваа средба и го смести во топ 5 голови на сезоната. Тоа е цепелинот во изведба на Пенезиќ - Лакрабер.

ЖРК Вардар не знае за доста, го понижи Битигхајм со +12

Ракометарките на Вардар продолжуваат да газат во Лигата на шампионите и со денешниот убедлив триумф на гостувањето во Германија стигнаа до 6 од 6. Ниту една друга екипа нема таков скор.

Два гола директно од корнер на Болоња - Фиорентина

На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.