Наполи на 23 средби има 19 победи и Јуве има 19 победи, но проблемот е што Наполи загуби еднаш и тоа токму од Јувентус и има 3 нерешени, а актуелниот италијански првак има два порази и два нерешени меча.
Италијанската спортска јавноста не памети волку силен тим со толкав број на бодови кој се наоѓал на второ место на табела, а медиумите почнаа да копаат по историјата за да најдат други вакви примери.
Нешто најблиску до овој Јувентус е Интер кој под водство на Роберто Манчини пред 12 сезони беше втор на табела по 23 меча со освоени 54 бодови.
Табелата со екипи кои се наоѓале на втора позиција со најмногу освоени бодови по 23 кола изгледа вака:
59 Јувентус 2017-18
54 Интер 2005-06
52 Торино 1976-77* e Рома 2006-07
51 Милан 1949-50* e Рома 2013-14
50 Рома 2016-17
49 Фиорентина 1959-60*
48 Торино 1975-76*, Наполи 1988-89*, Јувентус 2000-01, Милан 2004-05 и Рома 2007-08
47 Интер 1964-65*, Милан 1987-88* и Рома 2014-15
Екипи кои се наоѓале на прва позиција со максимален број на освоени бодови по 23 кола:
62 Јувентус 2005-06
60 Интер 2006-07, Јувентус 2013-14 и Наполи 2017-18
59 Интер 2007-08 и Јувентус 2017-18
58 Интер 1988-89*
* - Ера на освони 2 бода за победа
Ваков жесток дуел во борбата за Скудето не се памети. Јувентус во изминативе години глатко ги освојуваше титулите, но сега за противник има еден посилен и позрел Наполи кој е решен да се бори до крај.
Како тргнале овие две екипи, на крај може да стигнат и до 100 бодови. Наполи има 60 бодови, Јувентус 59, а до крајот има 15 кола или 45 можни бодови за освојување, тоа значи дека Наполитанците со 5 загубени бодови, а Јуве со 4 можат да стигнат до 100-ка.
Во 2014-та Јуве со Конте освои 102 бода, а Рома како втора заврши со 85.
Следното коло не е наивно и за двете екипи. Во петок Јувентус гостува во Фиренца, а следниот ден Наполи го пречекува незгодниот Лацио кој ја држи третата позиција.
Вистинската Скудето пресметка ништо чудо да биде на 15 април кога се игра реваншот меѓу Јуве и Наполи во Торино.