Како Шекуларац можел да ја спречи трагедијата на Манчестер

Денес се навршуваат 60 години од трагичниот настан кога набрзо по полетувањето, се срушил авион со фудбалерите на Манчестер Јунајтед кога загинале 8 фудбалери.

Шести февруари е датум со црно заокружен во календарот на секој искрен љубител на фудбалот, а особено на навивачите на Јунајтед.

Трагедијата во која загинаа осуммина фудбалери и тројца членови на клубот се случила на 6. февруари 1958. година во 15:04 часот на аеродромот во Минхен за време на третиот обид да се полета по силен снег (авионот на компанијата БЕА „Елизабетан не се одлепил од пистата, експлодирал при што загинале 23 лица).

Тимот предводен од легендарниот Мат Безби познат како „Бебињата на Безби“ се прославиле во Англија со две шампионски титули. Дента преку Минхен се враќале од Белград каде играле во четвртфиналето на Лига на шампиони.

Првиот дуел на „Олд Трафорд“ завршил 2:1 за Манчестер а на реваншот одигран на стадионот на Југословенската Народна Армија паднале шест гола - 3:3.

„Буквално сè од тие денови неизбришливо ми е врежано во сеќавањето. Тоа беа врвни фудбалери и пред се сјајни дечки и пријатели. Мечот беше неверојатен. Манчестер водеше со 0:3, а после ние успеавме да изедначиме и имавме шанси за целосен пресврт.

Најдобрата шанса ја имав јас, стопроцентна! Но утнав и Манчестер се пласираше во полуфинале. Со оглед на тоа што Јунајтед претходно не доби 2:1 на ’Олд Трафорд’, да дадев гол за 4:3 ќе игравме мајсторка најверојатно после три дена во Италија.

Во тој случај они немаше да се враќаат дома од Белград. Па којзнае колку пати сам себе си викам: „Е мој Шеки, како не беше подобар голгетер, сите тие момци ќе останеа живи да ја затресеше мрежата“, се сеќава Драгослав Шекуларац за сајтот на белградска Црвена звезда.

 

6 февруари 2018 - 13:22