Пред 33 години во Фуншал, Португалија Марија Долорес го роди Кристијано дос Сантос Аверио, на кој му додале второ име Роналдо по претседателот на САД Роналд Реган.
Денеска овој човек е една перфектна “човечка машина“ кој ги поместува границите во фудбалот. Беспредметно е веќе да се бројат и повторуваат остварувањата на човекот кој е прв стрелец во историјата на Реал Мадрид (426) и Лигата на шампионите (114).
Да оставиме шампионите да зборуваат за шампионот.
„Се работи за неверојатен вонсериски играч, јас би го играл и навечер, бидејќи тој никогаш не се крие. Каква харизма има тој човек. Се појавува на терен како да оди да се бања, на истиот природен начин“ - Диего Армандо Марадона.
„Неговото ниво е како од друга планета“ - Карло Анчелоти.
„Во моите 26 години во Јунајтед тренирав само четворица играчи од светска класа: Кантона, Гигс, Сколс и Роналдо. Од нив, Кристијано беше како дијамант, како ѕвезда од новогодишна елка. Многумина се лутат поради оваа тема и отвораат дискусии. Нема тука дискусии, го кажувам тоа што го мислам и мислам дека имам причини“ - Сер Алекс Фергусон.
„Многу работи се кажани за Кристијано, нема повеќе зборови за да се опише. Тоа што го прави на терен е нешто феноменално. Има многу играчи кои испишаа важни страници во фудбалот, но тоа што го направи тој, не го направи никој друг“ - Зинедин Зидан.
„Многу играчи беа именувани како “новиот Џорџ Бест“, но ова е прв пат тоа да биде комплимент за мене“ - Џорџ Бест.
„Мојот син одблизу ги виде штетите кои ги прават дрогата и алкохолот и поради тоа сега ги мрази тие работи. Неговата единствена “дрога“ е фудбалот. Мојот сопруг Динис (таткото на Кристијано), пиеше до смрт, додека мојот постар син почна да се дрогира кога Крстијано имаше 14 години. Иако мојот син побара лекување, Динис никогаш не сакаше да престане. Беа неразделни пред Кристијано да го напушти Фуншал за да го оствари својот сон. Најтажната работа е што никогаш не успеа да види каков играч и човек стана неговиот син“ - Мариа Долорез, мајката на Кристијано Роналдо.
Што може човек да освои до својата 33-та година од животот