Околу 300 ултраси на Наполи, спремни за гостувањето против Беневенто кое заврши 0:2, приредија доста иронична претстава излегувајќи со паролата:
„Ма како трансфер пазар, купи ги судиите за да го освоиме Скудетото“.
Пораката беше наменета за претседателот Де Лаурентус или уште поточно за Јувентус, алудирајќи на тоа дека за освојување на титулата најдобри засилувања се судиите.
Ироничните Наполитанци нацртаа точно 11 судии колку што има играчи на терен, па дури и ги ставија ликовите за кои сметаат дека судат во корист на актуелниот првак на Италија.
На испраќање еден од навивачите се доближи во клупскиот автобус за уште еднаш да им ја испрати пораката.