Најверниот навивач на новиот шампион е дури 15 години постар од омилениот клуб: Фил Басер е роден во 1918-та година, а клубот Филаделфија е основан во 1933-та. Од тогаш до денешен ден Фил не пропуштил ниту еден меч на Иглс. 25 пати бил на стадион а останатите средби ги следел дома со семејството.
Кога телекомпанијата NBC ја раскажа приказната за 99-годишниот фанатик на Минесота Мили Вол кој станал хит во САД - неговиот клуб играше во полуфинале токму против Филаделфија Иглс. Тогаш внуката на Мили на мечот донела голем плакат на кој пишувало: „Донесете го дома пехарот за 100-от роденден на дедо ми“.
До тој плакат стоел и друг банер на кој Мили самиот порачал: 2018-та ќе биде моја најдобра година - прв плејоф (со штиклирано поле), ќе полнам 100 години (уште нештиклирано) и Викингс ќе го освојат Суперболот (уште нештиклирано).
Let's not forget that Millie got the best 100th birthday present a @Vikings fan could ask for. #MillieMillie pic.twitter.com/1Z6OHWEjRc
— SNF on NBC (@SNFonNBC) January 15, 2018
Кога внукот на стариот Фил Басер од Филаделфија го видел тоа одговорил:
„Мојот 99-годишен дедо Фил кој во март ќе полни 100 години живее во Филаделфија од 1918-та година и никогаш не ги дочека Иглс во Супер Боулот. Изгледа дека имаме битка на вековници“.
My 99yr old grandpa Phil (turning 100 in march) has lived in Philadelphia since 1918 and has never seen an Eagles Super Bowl. Looks like we got a battle of the centenarians! pic.twitter.com/yEvyd37W9n
— Josh (@_jbpotter7_) January 15, 2018
Во спектакуларното полуфинале, Иглс ги згромија Викинг 38:7 и Фил Басер станал талисман на клубот. До тој меч Иглс играа во Суперболот во ’80-те и последен пат во 2004-та.
Режијата го фатил Фил во преносот за време на мечот во Минесота (таму се одигра Суперболот). Најверниот навивач на Иглс ја видел најважната победа на клубот во историјата за која живеел. Неговата Филаделфија го совлада големиот Њу Ингланд Петриотс во Минеаполис со 41 -33 (3:9, 9:13, 14:7, 7:12). Тоа му е најубавиот подарок за 100-годишниот роденден.