Offside

Во фудбалот кој стана бизнис и сè се врти околу пари, романтичните приказни како оваа со младиот Николо Пизили и Рома враќаат во носталгичните денови.

Сигурен си дека немаш потрес на мозок?

Мексиканецот Алексис Пена е јунакот на изминатово фудбалско коло. Тој до толку му е верен на својот клуб Пачука за кого и глава би дал.

Минатата пролет едвај преживеал, сега освои бронза на Олимпијада

Канаѓанецот Марк Маркморис, по сопствено признание а и по признание на лекарите во Ванкувер, лани со една нога веќе бил во „белата населба“. Неколку месеци подоцна застанува на Олимпискиот пиедестал со бронзен медал околу вратот.

Адеми два пати го тресна Осијек

Македонскиот репрезентативец беше двоен стрелец на дуелот меѓу Осијек и Динамо Загреб кој заврши 2:4 за Модрите. Адеми две години беше суспендиран поради допинг и тој се очекува да биде важна алка во средниот ред на Македонија која на есен ќе стартува во Лига на Нации.

Барселона ја сопре вардаровата машинерија

По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.

Девет од девет за Вардарки, Комити со порака до девојките

Дуелот меѓу Вардар и Будуќност во претходните сезони важеше за мега дерби, но веќе извесно време девојките во црвено-црно лесно го победуваат црногорскиот шампион.

И така, решиле да играат икс-нула на полувреме во НБА

За време на паузата од мечот Портланд Трејлблејзерс - Шарлот во НБА, домаќините приредија забава за публиката а две девојки беа како муви без глави.

Викаат дека е познат најубавиот дрес за Светското 2018

Nike ја претстави опремата со која репрезентацијата на Нигерија ќе му се покаже на светот на Мундијалот летово. Делува јако.

Најхрабриот олимпиец кој парадираше гол во Пјонгчанг

Видовте ли како се претстави Тонга на отворањето на ЗОИ? Со еден човек кој логично беше и знаменосец. Тој во период од две години учествува на две олимпијади во два различни спортови. Го соблече кимоното и се качи на скии и тоа лани за прв пат.

Ван Перси и на 34 години покажа зошто е чиста класа

После долга 14-годишна одисеја во Лондон, Манчстер и Истанбул, Робин Ван Перси на 19. јануари се врати во својот роден град Ротердам и матичен клуб Феенорд каде во 1999-та ја почна фудбалската кариера. Има 34 години и уште има неверојатен сенс за топка.

Мали прво ќе одиш по бурек, па по цигари

Дирк Новицки иако годинава ќе наполни 40 години, тоj е стар и преискусен волк со 20 години кариера во Далас и шести играч во историјата на НБА со 50.000 минути поминати на терен. Дрејмонд Грин уште ли си во продавница или сакаш да те пратам уште еднаш?.

Трактористи и фармери го одложуваат мечот на Пари Сен Жермен

Во сабота ПСЖ треба да гостува во Тулуз на дуел од француското првенство, но голема е веројатноста „Светците“ да добијат цела недела за спремање на дербито со Реал во ЛШ.

Македонско знаме се вее на Олимписките Игри во Кореа

Македонија на Зимските Олимписки Игри ќе ја претставуваат 17-годишната Викторија Тодоровска во нордиско скијање (10 километри), 19 годишниот Ставре Јада во нордиско скијање (15 километри и спринт) и Антонио Ристевски во алпско скијање (слалом и велеслалом - трето негово учество на Олимписки Игри). Македонското знаме го носеше Ставре Јада.

Германски маскоти застанаа на гол за да го тролаат Вујо

Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ на неодамнешното Европско беше бесен поради судењето на мечот против Германија за која беше досудено пенал во финишот и во знак на протест застана да брани. Германците направија пародија од целата таа напната ситуација.

„Сине, после Барса можеш да бираш, а ти доаѓаш во Бреша“

Откако по цели 12 години го напушти „Камп Ноу“, големиот Пеп Гвардиола на масата имал преку 10 понуди од големи европски клубови. Се решил да оди во едно градче во Италија со 197.000 жители.

Сите спортови за сите луѓе, сите натпреварувања за сите нации

Што би бил Олимпизмот доколку не успее своите вредности на еднаквост, право на спорт како основно човеково право, заедничка почит, пријателство, солидарност и фер-плеј да ги наметне тогаш кога најмногу треба.

110.000 кондоми за атлетите - почнуваат Зимските Олимпски Игри

Денеска свечено ќе бидат отворени ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореа. Рекордни 2.925 спортисти од 92 земји ќе се борат за медалите на рекордно ниски температури од -20 степени.

Страшно средношколско забивање на годината во Америка

Запаметете го името Мак Мекланг. Игра за средношколскиот тим Гејт Сити кој во Америка го завикале Данк Сити. Мак покажа и зошто:

Вардарецот Кичо ќе добие струја благодарение на Ќумбев и Ќириќ

По скроз неочекуваните вести од Делчево, дека легенда на Вардар од златната генерација може да дојде до тоа дереџе да пати за леб, стигна првата помош од двајца поранешни македонски репрезентативци.

Здраво Луис, намести ми дебитантски гол

На 17 февруари 2013-та година пред скоро точно 5 години, Луис Суарез му намести дебитантски гол на Кутињо за Ливерпул. Вчера Уругваецот пак му асистираше на Бразилецот, овој пат на Местаља во друг дрес. Кутињо само што влезе во игра даде гол.

Има ли меч да не ги направи мајмуни?

Фудбалерите на Барселона синоќа ја совладаа Валенсија на гости со 0:2 и станаа првиот тим во историјата со пет финалиња по ред во Копа дел Реј. Меси го немаше меѓу стрелците, ама по две илјадити пат во кариерата ги тероризираше противниците.

Омилената одбрана на Касиљас во дресот на Порто

Легендарниот шпански голман кој освои 18 трофеи со Реал Мадрид стигна до јубилејни 100 настапи во дресот на Порто. Го прашаа која му е омилена интервенција, а тој спремен одговори: Онаа против Себастинан Коатес во 93-та минута на дербито со Спортинг.

Тешко на дефанзивците со ваков Салах

На 25 настапи во Премиер лига има 21 гол, еден помалку од Кејн, а повеќе од Меси. А да се само головите. Еѓипќанецот кој го носеше дресот на Челси, Фиорентина и Рома игра во животна форма и дроби сè пред себе. Најточната констатација за него e: МНОГУ е брз.

Најубавата страна на голфот

Убаво е човек понекогаш да ги отвори видиците и да дознае нешто за голф, еден од најнепопуларните спортови кај нас. Инаку како ќе дознаевме за Пејџ Спиранац.

Во Венеција се спрема суперклуб кој ќе им пркоси на сите

Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.