Offside

Во фудбалот кој стана бизнис и сè се врти околу пари, романтичните приказни како оваа со младиот Николо Пизили и Рома враќаат во носталгичните денови.

Во Венеција се спрема суперклуб кој ќе им пркоси на сите

Во еден од најубавите градови на светот речиси 19 години нема прволигаш. Ретко кој го памети клубот кој некогаш играше во Серија А. Навивачите биле разочарани од разни ветувања, но на крајот на стадион ги вратил лукав американски адвокат со италијанско потекло.

Толку од моќниот ЖРК Вардар, ѕвездите дефинитивно си заминуваат

По неодамнешните најави на некои медиуми, стигна и официјална потврда од клубот. Најдобрите ракометарки на Вардар ја играат последната сезона во Јане Сандански. Тимот ќе го менува ликот.

Славниот голман на Југославија кој беше труп во Порто

Се сеќавате ли на Ивица Краљ? Првиот избор на Слободан Сантрач на СП 1998 и на Вујадин Бошков на ЕП 2000. Тој беше сè само не краљ кога се обиде да направи меѓународна кариера. Месечареше на нафрлени топки.

Да не била Мирка, Федерер одамна ќе го баталел тенисот

Малкумина знаат за почетокот на кариерата на Роџер кога бил чиста спротивност на она што е денес. Кршел рекети, викал и се карал со судии, се однесувал ексцентрично. Денес е огледало на спокој и мир а за тоа е заслужна неговата жена.

Елон Маск во уметничко лизгање

Една од посериозните кандидати за медал на ЗОИ 2018 кои денес почнуваат во Јужна Кореа е и Американката Мираи Нагасу која тренираше троен аксел на необиечен начин.

Бомбата на Ристовски со која можеше да го торпедира Порто

Фудбалерите на Спортинг ја загубија првата полуфинална пресметка во Купот на големото дерби против Порто, а една од најубавите прилики на средбата ја имаше Стефан Ристовски кој за малку ќе постигнеше голчиште против легендарниот Касиљас, кој изгледа како да ја допре со прсти.

На судија во Германија му падна шеќерот

На судијата Денис Аjтекин кој синоќа го судеше мечот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Мајнц во германскиот Куп изгледа му фалело малку енергија па реши да се наслади со гага бонбонче кое го фрлија на терен гостинските навивачи. Беше и културен, па прво го понуди на играч.

Акција на Глазгов Ренџерс во шест потези од гол до гол

Ќе речеш Шкотланѓани се и не слушнале за игра со ниски топки, ама денес сите веќе научија да играат фудбал. Извонредна школска акција на фудбалерите на Ренџерс кои за само 11 секунди го матираа противникот почнувајќи од голман.

Роденденскиот подарок на детето од Тринидад и Тобаго кое сонуваше да го добие во Лондон

Мајкл Питер е голман кој за својот 10-ти роденден сакал само еден подарок за кој дома му се смееле дека може само да го сонува бидејќи е малку нереален. Малиот добил и повеќе од тоа, благодарение на Тибо Куртоа.

Беспоштеден женски фудбал

Ова како да играш фудбал додека трае распродажба во женски бутик.

Еди "The Eagle" - ѕидарот кој стана олимписки херој

Пред почетокот на секои Зимски Олимписки Игри, светот се сеќава на човекот кој ги популаризираше скијачките скокови иако не знаеше добро да скока и за кој е снимен фантастичен филм.

Бомбастичен автогол за аналите

Јарес Ал Неиби од Обединети Арапски Емирати не е свесен каков автогол си даде. Дечкото непромислено фати да расчистува една топка во скроз погрешен правец и му ја дувна на својот голман, ама онака ладнокрвно во агол да не може да ја види, а не па да ја фати.

Забивањето на Гркот во НБА кое ќе се раскажува на внуци

Јанис Антетокумпо од Милвоки го прекрстија во Винс Картер. Насловите во САД изгледаат вака: Нема повторно да видиме забивање како ова. Сè ќе беше понормално, ако човекот кого го прескокна (Хардавеј Јуниор) не беше висок 2 метри. Па уште и со цепелин.

На Пандев му ја сменија националноста

Фудбалерите на Џенова го совладаа Лацио на гости со 1:2 во последниот меч од 23. коло во Серија А, а една реномирана новинска агенција изненади повеќе од резултатот во Рим.

Кога ќе дадеш 40 милион фунти за стебло

Има 23 години, роден е во Париз, влече африканско потекло. Од Монако лани дојде во Челси за околу 40 милиони фунти и требаше да биде замена за Немања Матиќ кој замина кај Мурињо во Манчестер Јунајтед. Ама па требаше и е не е исто.

Како Наполи ги казнува тие што ќе загубат на тренинг

Лидерот од Серија А на балкански начин го билда духот во тимот. Кој губи прво се фрла ласта во вода и второ може да јаде топка во глава.

Каков ВАР какви бакрачи, мавтај барјакот

На дуелот Авеш - Боавишта од португалското првенство, гостите примија гол наводно од офсајд а кога судијата реши да се консултира со ВАР имаше што да види.

Ферги до Жозе: Ова дете треба да го играш повеќе

Манчестер Јунајтед синоќа ја одбележа 60 годишнината од авионската несреќа на клубот, а камерите уловија еден доста интересен момент во кој не беше центар на внимание ни Златан ни Погба, туку Скот Мектоминеј. 21 годишниот играч од среден ред сезонава доби само четири шанси од Мурињо, а стариот изгледа во него гледа голем потенцијал. Внимавајте само како му го посочи со прстот.

Навивачка влечеше кокаин среде меч во Јужна Америка

Додека цела трибина го славеше голот на Роке Санта Круз за Олимпија Асунсион против Жуниор, една навивачка од Парагвај имаше друга занимација.

Дај ваму ракавиците, јас ќе бранам што ако сум бек

Фудбалерите на ПСЖ синоќаа во Куп натпревар останаа без голман во финишот од средбата, но тука беше Дани Алвеш кој спаси ситуација и не прими гол.

Роди ме мајко фудбалер на ПСЖ, ама не на Амиен

L'Equipe ги објави платите на фудбалерите во првенството каде вреди да се оди за пари и титули само во еден клуб, оној кој во ракометна конкуренција го лапна Раул Гонзалес. Ова другово е колку да се пополни лигата.

Налет и Супербол и прослава

Откако нивниот клуб направи историски успех на 52. издание на мега-популарниот Супербол, навивачите на Филаделфија Иглс се натпреваруваа кој ќе направи поголема глупост и го демолираа цел град. Буквално демолираа.

Јакиот трол на Руни за Џејми Карагер

После цели 16 години откако зборуваат за него на Monday Night Football, најпопуларното фудбалско студио во Британија, Вејн Руни гостуваше првпат и го пецна некогашниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер. „Да, секако дека се радувам што сум овде, а верувам се радува и Кара кој никогаш не стоел така близу до мене“ (играа еден против друг на времето).