Во осминафиналето од францускиот Куп, ПСЖ без проблеми славеше на гостување против Сошо со 1:4, а во 90-та минута Кевин Трап доби црвен картон.
При направени три измени во таква ситуација се нема избор, освен некој од скапите ѕвезди да заборави на суетата и да застане на гол. Тоа го направи Дани Алвеш кој и покрај своите 172 см, зема да брани во судиското продолжение.
Фудбалерите на Сошо ниту еднаш не успеаа да му ги тестираат голманските способности, а изведоа и еден слободен удар кој заврши во жив ѕид.
Dani Alves in goal, look how small he looks #psg😭😭 pic.twitter.com/3amozvnoHV
— bbng (@BADBADNOTGABE) February 6, 2018
На тие плати што ви ги даваат срамота е некој да одбие да брани. Дани Алвеш заработува 700.000 фунти месечно.