Offside

Тотенхем конечно прослави победа после 7 кола во Премиер лига откако синоќа го совлада Ковентри со 3-1. Сите погодоци беа убави, постигнати надвор од шеснаесетникот, а стрелци беа: мајсторот за удари од далечина Џејмс Медисон, Омар Мармуш и Бен Дејвис. На терен конечно се врати Македонецот роден во Шведска, Дејан Кулушевски после речиси две години по тешката повреда. Влезе во 87' минута наместо Кудус и доби овации од трибините.

Неапол е во транс, 20.000 навивачи го блокираа аеродромот

Секој што ќе ги погледне сцениве ќе помисли дека синоќа се славела титула во италијанското првенство, а тоа беше само победа против Јуве со која сè уште ништо не е решено. Нема поголеми фанатици за фудбал од Наполитанциве.

Што се случуваше во Неапол по триумфот над Јуве?

Градот под Везув и натаму го живее сонот наречен скудето. Го победија Јувентус со гол во 90’ минута и му се приближија на само еден бод на четири кола до крајот.

Мајсторски дуел на Јаховиќ со голманот

Самуел Ето и Адис Јаховиќ, тие се главните фаци кои се борат за опстанокот на Коњаспор во прва лига. Го совладаа Кашимпаша со 2:0, откако Камерунецот го отвори резултатот во 11-та, а Македонецот го затвори во 86-та. 

И ултрасите не се тоа што беа

Јувентус и Наполи вечерва ако треба ќе се клоцаат за победа, бидејќи мечот во Торино може да биде клучен за тоа кој ќе го освои Скудетото. Ама две групи на нивни навивачи не играат така. Три за позор четири сат.

Голот на Македа со кој ја замолкна Шпаркасе арената

Ракометарите на Кил имаа 28:27 на 30 секунди до крајот на првиот четврфинален дуел од Лига на шампиони, но на крајот на семафорот стоеше конечни 28:29. Прво благодарение на Дибиров, а потоа на Македа кој ја искористи грешката на домаќините и со херојски гол од аут му даде крилја на Вардар за реваншот кој е закажан за 7 дена во Скопје. Тоа е кога си имаш работа со европски првак.

Голема победа на Вардар со гол на Македа од своја половина

Во целосно неизвесен натпревар кој кулминираше со драматична завршница во која Кил имаше последен напад за победа, ракометарите на Вардар го добија првиот четвртфинален меч во Лига на шампиони.

Зошто Неаполитанците ставаа слики од магариња во базата на Јуве

Суеверниот Југ верува дека може да им се повтори ксметот од 1930-та година со амајлијата.

Солзите на легендарниот Иниеста и чудесната Барса

На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.

Судија чекај да мочам

Во 74’ минута од осминафиналето на Купот на Казахстан меѓу Мактарал и Астана еден од домашните играчи во моментот кога бил заменет решил да се измоча во едно дрвце зад клупата за резерви. И почнува шоу.

Е нема појак

Извозел 60 километри за да оди на гостување, ама не на Олд Трафорд, туку во деветта англиска лига за да си го бодри тимот. Сам, на трибина голема колку клупа за резерви. И тоа го бодри, во буквална смисла. Во Англија страста за фудбал е иста од Премиер лига до најнизок можен ранг. 

Што ако сум познат тренер, вади синко топката на улица

Се вика Симоне Инѕаги, тренер е на Лацио, има врвна сезона и се бори за Лига на шампиони. Ама наоѓа време и да му го направи ќеифот на син му пред куќа. Тоа е тој маалски шмек, коли проаѓаат, а ти не се откажуваш, а плус те знаат сите.

Најубавото време во италијанско спакувано во една страница од Панини

Страста за собирање сликички кај нас најмногу е изразена за време на Европските и Светските првенства, ама кога ќе ја видите фотографијата со 9 врвни имиња на која налетавме ќе посакате во истиов момент да пролистате ваков албум.

Топ 10 изјави на „Професорот“

Еден од најдобрите тренери на светот знаеше да изненади пријатно на неекоја од многуте прес-конференции и со изјава да ги засмее новинарите. Не како Мурињо, туку пристојно како што само тој умее.

Најдобрите моменти на Венгер во Арсенал

Денес се случи нешто епохално: Арсен Венгер објави дека заминува од клубот по крајот на сезоната. Кои беа неговите најзначајни моменти со „Топџиите“?

Пеколно тешка битка во Серија А за излез во Европа

Во италијанскиот фудбалски шампионат допрва станува интересно. Едно е тоа што Кротоне ја направи битката за титулата неизвесна, а друго е борбата за ЛШ и ЛЕ каде во игра се 8 екипи за 4 места.

Арсен заминува од Арсенал

Преку официјално соопштение на клупската страна, легендарниот француски тренер објави дека по завршувањето на сезонава си оди од својот дом кој го водеше 22 години!

Како изгледало тоа Марадона да ти биде цимер

Тренерот на Тотенхем Маурисио Почетино на почетокот на играчката кариера ја делел собата со легендарниот Диего.

Рома ја распали скарата како да е 1 мај

Тренинг базата на Рома синоќа чадеше на големо. Ручек части Аргентинецот Диего Пероти. Што? Скара на аргентински начин.

Мбапе дете од каде го извади потегов?

ПСЖ го совлада Каен на гости со 1:3 во полуфиналето од Купот. Мбапе им збрца два комада, ама никој не зборува за головите, туку за чудово од измама. А има само 19 години.

Ироничниот имитатор на Буфон

На легендата на Јуве душа му извадија за острата изјава упатена до Мајкл Оливер по мечот со Реал Мадрид во четвртфиналето од ЛШ. Италијанците се цареви за хумор, па се најде една будалетинка која направи пародија од критиката на Џиџи.

Подгответе се за престојниот маратон во Скопје

За подобро трчање, подобри перформанси како и леснотија при секој чекор за време на маратонот Sport Vision од 19 -ти април до 5-ти мај овозможи -20% попуст на running патики и опрема за сите љубители на трчањето.

Во фудбал многу е битно да ја употребиш главата

Романскиот фудбал изгледа на една бескрајна приказна со чудни, смешни и невообичаени настани. Тука можеби нема ништо смешно, ама сигурно е невообичаено. Кај сте виделе до сега ваква асистенција? Инаку актери се фудбалерите на Крајова во полуфинале од Куп натпревар.

Педро направи мајмун од својот чувар

Челси синоќа славеше 1:2 на гостуањето против Барнли, а потегот на мечот го направи Педро кој крие нешто бразилско во себе. Штета што акцијава не заврши со гол, инаку сигурно одеше на некоја најавна шпица.

Прекинато дербито Фенер - Бешикташ, конци за тренерот Ѓунеш

Разврската во турскиот фудбал никогаш не била понеизвесна. На неколку кола пред крајот четири екипи конкурираат за титулата: Галатасарај е прв со 60 бода, Бешикташ втор со 59 колку што има и третиот Башакшехир. Фенербахче е четврт со 57. Ништо помалку интересно не е ниту во Купот. Во полуфиналето реванш вечерва играа ама не доиграа Фенербахче и Бешикташ.