Најубавото време во италијанско спакувано во една страница од Панини

Страста за собирање сликички кај нас најмногу е изразена за време на Европските и Светските првенства, ама кога ќе ја видите фотографијата со 9 врвни имиња на која налетавме ќе посакате во истиов момент да пролистате ваков албум.

Зборуваме за 90-те, златната ера на Серија А во која не се пропуштиташе пренос на Телма без разлика дали Јуве и Милан играат со Интер, Лацио или Лече.
 
Тоа беше време во кое калчото се гледаше во ноќниот викендашки термин од 20:30 како и за време на неделниот ручек од 15:00.
 
Време во кое најголемите светски ѕвезди играа на чизмата.
 
Време на седумте сестри: Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома, Парма и Фиорентина.
 
Време кога трансферите се правеа во милијарди, ама не евра, туку лири.
 
Време во кое тешко се стигнуваше до оригинален дрес, за разлика од сега со интернетот. Чекаш вујко ти да оди службено во Италија за да му нарачаш.
 
Тоа беа последните години на Марадона, Ван Бастен, Гулит, а први на Батистута, Роберто Баџо, Малдини, Дел Пјеро, Роналдо, Шевченко, Костакурта, Зидан, Тоти, Креспо, Виери, Неста, Верон, Михајловиќ...
 
Години во кои не можеш да немаш идол меѓу ова славно друшто кое не се добројува.
 
Сега сето тоа е само еден спомен.
 
Прекрасен спомен.
 
21 април 2018 - 09:00