Вардар целосно го имаше под контрола првото полувреме во Шпаркасе Арена и покажа кој е шампион во Европа. Полувреме кое ветуваше лесна, но сепак беше многу тешка победа издвојувана со пресврт во самиот финиш.
Европските прваци беа во одличен ритам во првите 30 минути, Штербик имаше 6 интервенции, Столе Стоилов беше најдобар поединец со 4 голови, а тоа придонесе во три наврати да имаат предност од +3.
Кил во еден период ја стегна одбраната и во 18 минута успеа да го израмни резултатот, но ниту еднаш до паузата не успеа да стигне до водство. Црвено црните ги добија првите 30 минути со убедлива игра и предност од 14:12.
Вардарци го отворија второто полувреме и одново стигнаа до 3 гола предност, но Ландин целосно се разбрани и само во првите 8 минути успеа да запише дури 6 интервенции, наспроти само 4 во првиот дел.
Во периодот од 41-ва до 47-ма минута домаќините направија серија од 4:0 и поведоа со 23:20. Последните десетина минути од мечот донесоа голема битка во која Кил ја одржуваше предноста од еден до два гола.
Се играше гол за гол и Германците беа многу блиску до триумф, но при нерешен резултат и напад за победа, ракометарите на Кил ја загубија топката, а Македа забележа дека голот и празен и од своја половина го погоди за победа од 29:28.
Стоилов, Чупиќ и Рожерио го завршија мечот со по 5 погодоци, а Штербик запиша 9 интервенции.
На 29 април во Јане Сандански, Вардар ќе го брка пласманот на Фајнлфорот во Келн.