Таг: кил

Крајниот север на Германија одамна не славел вака, FC Bayern raus

Европскиот првак и германски шампион Баерн Минхен синоќа сензационално изгуби од второлигашот Холштајн Кил на пенали откако мечот претходно заврши 2-2.

Кил е во транс, невиден кикс на Баерн 19 години

Името на оваа екипа сигурно ви е асоцијација за ракомет, спорт во кој два дена пред нова година станаа европски прваци. Синоќа во фудбал го елиминираа Баерн Минхен на кој последен пат му се случило да испадне во второ коло од Купот на Германија во сезоната 2000/2001.

Дибиров vs Дарио, одбрана која нема да се повтори

Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.

Од кај сакате шутирајте ми, сè ќе ви одбранам

За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.

Дебакл на Вардар, Кил фуриозно низ Скопје

Актуелниот европски шампион го одигра можеби најслабиот европски натпревар во клупската историја, откако вечерва изгуби дома од Кил 20-31 пред своја публика.

Седи мирен Зарабец, ќе те фрли Вардаровиот џин

Словенецот Миха Зарабец им правеше најмногу проблеми на ракометарите на Вардари синоќа на реванш мечот од Лигата на шампионите. Мал, непредвидлив и како шило Зарабец наоѓаше простор додека горостасиот Летонец Криштопанс не кажа: "Hold my beer“.

Специјалитетот на Тимур Дибиров

Македонската публика речиси и да не памети потежок натпревар на Вардар во Скопје. Се бореа „црвено-црните“ како лавови, на крајот загубија но благодарение на победата со повеќе дадени голови на првиот меч, одат на вториот историски Фајнал Фор Еден од најубавите моменти на мечот беше класикот на Дибиров.

Was ist das? Das ist Vardar!

Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!

Кил спремај се за “ауфидерзен“ во Јане Сандански

Слична е ситуацијата на Вардарци како лани. Тогаш имаа 2 разлика од првиот дуел со Фленсбург и потоа фајнлфорот го запечатија пред своја публика со убедлива победа од 35:27. Сега имаат +1 и повторно германски противник како шанса за нов пласман меѓу најдобрите 4 во Европа. Последниот марш на „Ел Команданте“ во Скопје мора да мине триумфално со ваков финиш на навивачите.

Голема победа на Вардар со гол на Македа од своја половина

Во целосно неизвесен натпревар кој кулминираше со драматична завршница во која Кил имаше последен напад за победа, ракометарите на Вардар го добија првиот четвртфинален меч во Лига на шампиони.

Три нереални одбрани на голманот на Кил

Германскиот репрезентативен голман Николас Кациѓанис направи нешто што ретко се гледа во ракометот.

Веспрем силен против Кил за европско финале со Барса

По Каталонците, вечерва и унгарски Веспрем обезбеди пласман во големото финале на Ф4 во Келн кое се игра утре вечер.

Кил рутински против подмладокот од Автокоманда

Ракометарите на Металург очекувано забележаа висок пораз од германскиот гигант со 35:16, но успеаа да ја избегнат најслабата ефикасност која ја имаа против Кјелце. 

Немоќен, непрепознатлив и потиштен Металург

Македонскиот ракометен шампион продолжува да тоне сезонава во ракометната Лига на шампиони. Бундеслигашот Кил беше немилосрден во „Борис Трајковски“ и му го нанесе еден од најтешките порази на тимот од Автокоманда со 15 голови разлика.

Мојсоски, Миркуловски и Липовина се борат со вирус пред мечот со Кил

Грижите во Металург се зголемуваат. По финансиските проблеми, актуелниот шампион на Македонија на само два дена пред мега пресметката против Кил има неколку неизвесни првотимци.

Фленсбург ја покори Европа

Ракометарите на Фленсбург ја добија германската војна против фаворитот Кил и направија изненадување во ракометната Лига на шампиони. Со извонреден пресврт во второ полувреме успеаа да стигнат до првата европска круна, вкупно 19-та за екипите од Бундеслигата.

Лазаров остана без финале

Фленсбург и Кил се новите два финалисти во завршниот фајнлфор турнир во Келн. Во драматична завршница германскиот состав успеа да ја анулира предноста на Барселона од 6 гола и дури по пенал серијата стигна до финалето од Лигата на шампионите.

Тежок пораз за Металург

Македонскиот вицешампион ги загуби шансите за сензационален пласман во топ 4 фазата од Лигата на шампионите. Кил беше пресилен противник за тимот од Автокоманда и славеше убедливо во „Борис Трајковски“ со 21:31.

Барселона и Хамбург финалисти во Лигата на шампионите

Гигантите од европската ракометна сцена стигнаа до финалето од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Шпанците ја оправдаа фаворитската улога против полски Кјелце со 28:23, а во германското дерби Хамбург славеше против Кил со 39:33.

Лазаров поразен во финалето на ЛШ

Новиот европски ракометен шампион е непобедливиот бундеслигаш Кил откако на завршницата од финалниот турнир го порази Атлетико Мадрид чиј член е капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.