Баерн дојде на гости кај Холштајн со статус на огромен фаворит. Но Нојер, Лирој Сане, Милер и екипата се вратија во Минхен со спуштени глави. Особено што два пати водеа, а домаќинот два пати храбро се врати во игра и тоа со гол во 95' минута со глава на Хауке Вал кој цел живот ќе го памети овој погодок.
Го одведе својот тим во пенал-рулет, а таму јунак беше грчкиот голман Јанис Келиос кој отпрвин со Нојер не фатија ниту еден пенал од 10 во првата серија, но подоцна му одбрани на Марк Рока и на тацна му намести на следниот изведувач - Фин Бартелс, стрелецот на првиот гол за Кил на мечот и првиот и последен во пенал серијата.
КЛУБ ОД БРЕГОТ НА БАЛТИЧКО МОРЕ КОЈ ИСПИША ИСТОРИЈА
Холштејн е клуб од Кил (град на брегот на Балтичко море недалеку од границата со Данска) кој може од следната сезона за првпат во историјата да заигра во Бундеслига.
Интересно, Холштајн Кил има и една шампионска титула, но овој парадокс се објаснува со тоа што Бундеслига како единствена прва лига се појавила во '60-те години.
До разорната Втора Светска војна се играле само регионални шампионати - Јужен, Централен, Западен, Северен, Балтички и други првенства. Победниците на овие лиги играле подоцна во финален дел по олимписи систем. Така во 1912 година шампион на земјата станал Холштајн Кил.
Ова е прво испаѓање на Баерн Минхен од екипа од послаб ранг. Во сезоната 2003/2004 во четвртфинале ги урна Алеманија Ахен која стигна и до финале но изгуби од Вердер Бремен.
„Ова е шок. Многу сме разочарани. Нивниот прв гол падна по иста акција од нивните претходни натпревари. Требаше да ја затвориме средината а не затворивме. Кај вториот гол, во шеснаесетник имавме малку играчи, не игравме еден на еден. Треба да поработиме на тоа покомпактно да играме во одбрана, да ја држиме топката повеќе во посед при пресинг и да ги држиме линиите на одбрана.
Марк Роча не мислам дека е виновен. Серијата на пенали се решава со промашени пенали. Никој не го прекорува, го поддржуваме“, изјави Ханси Флик, тренерот на Баерн после шокантниот пораз.
Баерн Минхен не влегува во 1/8 финале на Купот на Германија првпат од 2000-та година кога испадна од Магдебург (исто на пенали). Но таа 2000-та Баерн освои Лига на шампиони и Бундеслига па заборавија на елиминацијата од Купот.
А Томас Милер рекол:
„Изгубивме од аутсајдер кој држеше рамнотежа. Тоа како го примивме првиот гол... Одамна зборуваме за тоа. Кил играше многу добро но ние требаше да победиме. Разочарани сме“.
Бастијан Швајнштајгер кој е стручен коментатор, рекол на во тв емисија дека Баерн играл со висока одбрана и тоа ги чинело.
Тренерот на Холштајн Кил, Оле Вернер беше многу порасположен од Флик.
„За нас ова е неповторливо искуство. Ова не се случува секој ден и долго ќе го паметиме. Одлично се браневме, голманот беше добар. Имавме шанси и во напад при резултат 1:1. Кога имавме посед не се губевме, тоа беше клучен фактор“.
Германскиот фудбалски север одамна немал вакво достигнување.
Големото славје и пеналите тука.