Германскиот состав дојде во главниот град на Македонија во улога на благ фаворит, но апсолутно никој не очекуваше Вардар да биде понижен во својата тврдина.
Цели 11 минути им требаше на „црвено-црните“ да го пробијат противничкиот бедем и да го постигнат првиот гол, загрижувачка ситуација со која навивачите на Вардар речиси никогаш не се сретнале.
Дибиров промаши пемнал, а Скубе дополнително ги вознемири домашните гледачи со промашен зицер, па Чупиќ мораше од пенал да го урне малерот за 1-4. Но тоа беше само мала утеха за она што следуваше. Кил распали како никогаш досега во Европа и со беспрекорна одбрана во зона 5-1, на другата страна направи пеколна серија од 7-9.
Шишкарев до паузата постигна гол кој не го избегна срамот кој го покажуваше семафорот: 16:4 за Кил.
Основоположник на оваа позитва на Кил беше голманот Никлас Ландин со дури 8 фантастични одбрани во првиот дел. Во второ полувреме на Вардар му преостана само да ја намали негативата. Во 49' минута Вардар направи коректна серија од 7-1 и спушти на 18-23 но тоа беше сè.
На крајот конечни 20-31 за Кил во чии редови најефикасен беше пивотменот Пекелер со шест погодоци. Ландин запиша 13 одбрани. Кај домаќинот, Тимур Дибиров стандардно најдобар, вечерва со шест гола, Криштопанс 4 пати ја тресеше противничката мрежа а Калифа Гебдан и покрај седумте одбрани, не може да биде задоволен од настапот.
Во моментов Вардар има 6 бода после 4 рунди. Кил сега е првопасиран со 7 бода. Во следното коло Вардар гостува во Унгарија против силниот Веспрем следната сабота.