Мечот меѓу Јуве и Наполи закажан оваа недела може да биде клучен за титулата. Јувентус со победа оди на +7, а Наполи со триумф на Алијанц ќе стигне на -1 и ќе го направи финишот на првенството супер интересно.
Старата Дама има потежок распоред, бидејќи има гостувања кај Рома и Интер кои се борат за ЛШ и две лесни средби пред своја публика со Болоња и Верона. Наполитанците имаат нешто полесни соочувања на гости против Фиорентина и Сампдорија, а дома ги пречекуваат Торино и Кротоне.
Паралелно со борбата за Скудетото, љубителите на италијанскиот фудбал ќе имаат прилика да гледаат огромна неизвесност во борбата за Лига на шампиони и Лига Европа.
Рома, Лацио и Интер конкурираат за првото, а Милан, Аталанта, Сампдорија, Фиорентина и Торино за второто по квалитет клупско европско натпреварување.
Распоредот на сите 8 екипи до крај изгледа вака:
Постои можност да има петта италијанска екипа во ЛШ и трета во ЛЕ.