ШТО ПРЕДВИДУВААТ РЕФОРМИТЕ
Според новите правила на УЕФА кои се донесени за периодот 2018-2021 првопласираните четири екипи од четирите европски лиги најдобри според ранкингот ќе одат директно во групна фаза без да играат во квалификации. Тоа се Шпанија, Англија, Германија и Италија.
Освен овие 16 екипи, директен пласман ќе обезбедат и победниците на ЛШ и ЛЕ, првопласираните две екипи од шестата и седмата најдобра лига, како и шампионите од лигите кои се рангирани од седмо до 10-то место на рангот на УЕФА. Значи тоа се вкупно 26.
ДВЕТЕ ОПЦИИ СЕРИЈА А ДА ИМА ПЕТ ПРЕТСТАВНИЦИ
Според правилата на УЕФА, доколку Лацио ја освои Лигата на Европа оди директно во Лига на шампиони. Ако во тој случај не заврши меѓу првите четири места во првенството, нема да му го одземе правото на настап на четвртопласираниот, туку во ЛШ тогаш ќе има пет италијански екипи.
Второто сценарио важи за екипата на Рома која ако успее да слави во ЛШ и истовремено заврши подолу од топ 4, тогаш и во тој случај Италијанците ќе имаат пет претставници.
ВО КОЈ СЛУЧАЈ НЕ ОДИ ЧЕТВРТИОТ
Постои и такво сценарио, но е многу тешко остварливо, да учествуваат пет екипи, ама така четвртопласираниот место во ЛШ би играл во ЛЕ. Треба италијански екипи да ги освојат и двете клупски европски натпреварувања и да не завршат во топ 4. Во тој случај ќе одат тие две плус трите првопласирани. Ова како трето сценарио е речиси невозможно.
ЌЕ ОДИ ЛИ МИЛАН ДИРЕКТНО ВО ЛЕ АКО ГО ЗАГУБИ КУПОТ?
Ако Јувентус го освои Купот на Италија и заврши во топ 4, местото за Лига Европа (кое инаку му припаѓа на победникот на националниот куп) нема да го лапне поразениот финалист (Милан), туку тимот кој ќе се пласира под двете екипи кои ќе одат во ЛЕ, односно седмопласираниот. Истото се однесува и ако Милан го подигне трофејот, а заврши меѓу четирите првопласирани.
АКО ИТАЛИЈАНСКИ ТИМ ОД ТОП 4 ОСВОИ ЛШ
Ако Лигата на шампионите ја освои Јуве или Рома и заврши меѓу четирите најдобри во првенство, тогаш место за ЛШ ќе му отвори на шампионот на лигата која е позиционирата како 11-та според ранкингот на УЕФА. Ако освојувачот на Лига Европа (Лацио) заврши во топ 4 тогаш, ќе му отвори место на третопласираниот тим од петтата лига според ранкинг.