Крилото на Рома се врати во тренажен процес по пауза од две недели, а на тоа најмногу се израдуваа неговите колеги кои по тренингот се најсладија на скара подготвена на аргентински начин.
Рома имаше напорна и емотивна недела односно три меча во згузнат распоред среда - недела - среда. Прво ја шокираше Барса во Лига на шампиони, па го играше римското дерби кое заврши без голови, а потоа ја совлада Џенова во многу важен меч во борбата за топ 4.
Момците на Ди Франческо имаат пеколно тежок финиш до крајот на сезоната, бидејќи ги чека двомеч со Ливерпул во полуфиналето од ЛШ, а истовремено борба за трето/четврто место во првенство кое води директно во елитата.
Енергијата ја полнат со месо. Да дојдат во Катланово и Сарај да видат што ќе биде за некој ден.
#Trigoria #Perotti offre carne argentina alla squadra pic.twitter.com/shKDrLu1wZ
— il Romanista (@ilRomanistaweb) April 19, 2018
Il ringraziamento di @OfficialRadja a #Perotti pic.twitter.com/P7xSPbV3CZ
— il Romanista (@ilRomanistaweb) April 19, 2018