Топ 10 изјави на „Професорот“

Еден од најдобрите тренери на светот знаеше да изненади пријатно на неекоја од многуте прес-конференции и со изјава да ги засмее новинарите. Не како Мурињо, туку пристојно како што само тој умее.

Најдобрите 10 изјави на Венгер низ 22 годишната кариера тренер на Арсенал:

ЗА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ

„Џабе е, можам да ја молам и Мис на Светот да се ожени за вас, но ако таа не сака, не може мене да ме напаѓате поради тоа“.

ЗА МУРИЊО

„Кога ќе им дадете успех на глупавите луѓе, тоа не ги прави понекогаш попаметни туку уште поглупави и побезобразни“.

ЗА ИЗЈАВАТА НА ФЕРГУСОН ДЕКА ТРЕТОПЛАСИРАНИОТ ЈУНАЈТЕД Е ПОДОБАР ОД ШАМПИОНОТ АРСЕНАЛ

„Секој мисли дека неговата жена е најубава“.

КОГА ЌЕ СЕ НАВИКНЕШ НА УСПЕСИ

„Тоа не е баш лесно, кога ќе почнеш да јадеш кавијар тешко е да се вратиш на колбаси“.

ЗА СУМО БОРЕЊЕТО ДОДЕКА БИЛ ТРЕНЕР ВО ЈАПОНИЈА

„Една од работите кои ги научив во Јапонија беше гледањето сумо борње. На крајот никогаш не можеш да кажеш кој победил а кој изгубил зошто тие не покажуваат никакви емоции - така ќе го посрамеле поразениот. Неверојатно. Затоа ги учам моите играчи на пристојност. Само овде во Англија сите ти се плезат со јазикот кога ќе победат“.

ЗА ТОА КАКО ГИ МОТИВИРА ФУДБАЛЕРИТЕ

„Гледајте, еден фудбалски тим е како убава жена. Ако често не ѝ зборувате колку е убава, ќе заборави на својот занес“.

ЗА ТОА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛАВИ СЕКОЈА ГОДИНА

„Луѓето нешто згрешиле, јас не сум бајач туку фудбалски тренер“.

ЗА ТОА ДАЛИ ГО ДОБИЛ ВЕТЕНОТО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ФЕРГУСОН ПО ЕДНА РАСПРАВИЈА

„Не. Уште не. Веројатно го пратил по коњ“.

ЗА ТОТЕНХЕМ

„Вчера во хотелската соба пробав да го гледам Тотенхем, ама заспав“.

ЗА НЕГОВИОТ ПРЕКАР „ПРОФЕСОРОТ“

„Од девет црвени картони сезонава, веројатно заслуживме само пола од нив“.

20 април 2018 - 13:50